Апел од дијабетичар во време на корона вирус: Здраво, јас сум Трајче и ми се живее!

Пандемијата со корона вирус е во ек, а во нашата земја има 18 заразени од Covid-19. Вирусот е најопасен за постарите лица, како и лицата со хронични болести, како дијабетес. Токму затоа, освен што е важно да се заштитиме себе си, пред сѐ со самоизолација и редовно миење на рацете, треба да мислиме и на заштита на оние од најранливите групи. Тоа значи дека ако ние сме поотпорни на вирусот, може да сме носители и да го пренесеме на луѓе кои ако се заразат, кај нив болеста ќе напредува многу побрзо.

Трајче Воинов, познат во македонската јавност по работата како професионален модел, преку својот Facebook профил упати апел, како човек кој боледува од дијабетес. Тој за Kajgana.com објасни како е да се биде хронично болен во ваква ситуација и колку значи општествената свест.

Неговата порака е моќна и се надеваме дека ќе ве поттикне на поголема одговорност додека трае оваа ситуација.

„Здраво. Јас сум Трајче. Дијабетичар тип 1 и спаѓам во ризична група на луѓе ако се заразам со корона вирусот. Шансите за справување со болеста ми се многу помали од вашите. Ако не сакате да се изолирате за вас, изолирајте се за тие околу вас. Не можете да си дозволите општествена неодговорност, немање емпатија, сочувство. Не е право на избор моментално...

... Не можете да лажете, да бегате преку прозори, да држите кафичи отворени, да се тепате по маркети, покрај сите препораки и наредби од страна на министерот на кој пена устата му фати да ви долови. Дали се информирате и гледате со светов што се случува? Доста со тоа дека ако не ви се случува вам, гајле ви е. Доста. Барем во овој период, свестете се, да не бидам јас жртва на некој кој мисли дека се заштитил со купување тон тоалетна хартија. Никогаш нема да си простам. Еден ми е животот, ми се живее!“

реклама

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Read more

Апасиев: Ја пасокизиравме СДС, го преполовивме проектот на Максо

Read more

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Read more

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Read more

Живот

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Read more

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Читај повеќе

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе