Apple го згасна iPod: Крај по повеќе од 20 години музичка револуција

Само испорачаните плеери остануваат во продажба - нови iPod-и повеќе нема да се произведуваат.

„Ни беше јасно и многу очигледно дека мобилните телефони се сериозна закана за iPod плеерот“, се вели во соопштението на Apple за згаснувањето на еден од најпопуларните музички плеери на модерната ера.

Можеби iPod му пресуди на Walkman плеерот, но стриминг услугите и претходно мобилните телефони му пресудија на овој мултимедијален плеер, кој го редефинира пазарот на музика во движење.

Оригиналниот iPod се појави во октомври 2001 година, а првиот iPod Touch беше претставен во 2007 година, веднаш по претставувањето на iPhone.

Remote video URL

Последниот iPod беше претставен во 2019 година, а тоа воедно беше и последниот iPod со чие гасење на производството згасна и линијата iPod по 21 година постоење.

Освен како iPod, овој плеер ќе остане запаметен како iPod nano, iPod Shuffle и iPod Touch, а Apple нагласува дека иако iPod како уред е мртов, тој продолжува да живее преку нивните уреди iPhone, iPad, Mac и HomePod mini.

Remote video URL

Оригиналниот, бел iPod еднаш се продаваше за неверојатни 20.000 долари неотпакуван и во оригиналното пакување, а Стив Џобс агресивно ја туркаше приказната за iPod дури и кога Apple изгледаше дека губи поради тоа - земајќи пари од одделот за Mac и инвестирајќи во развој на iPod.

Пресврт беше во 2003 година кога пристигна услугата iTunes, а најсветлиот период на iPod беше во текот на 2008 година, кога за една година беа продадени над 54,8 милиони плеери.

URL

Над 100 милиони плеери беа продадени во првите седум години од работењето, а од 2009 година, кога само Apple се приближи до успехот од 2008 година, продажбата на iPod постојано опаѓа, на само 14 милиони во 2014 година.

Овие податоци во никој случај не треба да фрлаат сенка на огромниот успех што iPod го имаше во изминатите две децении, во кои беше најпродаваниот музички плеер со години во движење со пазарен удел од најмалку 80%.

Дали имавте iPod и по што ќе го памтите?

Тагови
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Хардвер

Оптички диск од наредната генерација може да собере 14.000 4К филмови

Read more

Xiaomi Pad 6S Pro: Нов таблет во клинч со најдобрите

Read more

Lenovo на MWC ќе претстави проѕирен лаптоп

Read more

Кој доминира на пазарот на графички процесори со вештачка интелигенција?

Read more
 

Гик

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Читај повеќе