Авион во Лондон полетал со скршени прозорци, претходниот ден во него се снимал филм

Макфакс/Кајгана
/ 10.11.2023 / 08:26

Авион Airbus A321 полетал од лондонскиот аеродром „Станстед“ минатиот месец со оштетени два прозорци, додека другите два воопшто немале стакло, соопштија британските истражители на воздухопловни несреќи.

Девет патници и 11 членови на екипажот се наоѓале во авионот што летал за меѓународниот аеродром Орландо во Флорида на 4 октомври, кога по полетувањето била откриена штетата предизвикана од осветлувањето што било користено за време на снимањето на филм претходниот ден.

Авионот достигна височина од најмалку 14.000 стапки (околу 4.270 метри) пред да сврти, се вели во специјалниот извештај на британскиот Оддел за истраги за воздухопловни несреќи (ААИБ - Air Accidents Investigation Branch). Авионот безбедно слетал на аеродромот „Станстед“ набргу потоа.

Извештајот објавен на 4 ноември го детализира инцидентот, истакнувајќи дека тој би можел да резултира со посериозни последици.

По полетувањето од аеродромот „Станстед“, патниците забележале дека авионот е „побучен и постуден од вообичаеното“.

Како што се искачувало леталото, член на екипажот исто така забележал зголемена бучава во кабината, па го известил пилотот.

Екипажот одлучил да го прекине искачувањето на авионот на 14.000 стапки и да ја намали брзината додека инженерот и копилотот го проверувале прозорецот.

„По проверка на прозорецот, договорено било авионот да се врати во 'Станстед'“, се вели во извештајот.

Кабинскиот екипаж им рекол на патниците да останат во своите столчиња и да ги врзат појасите и ги потсетил да користат маски за кислород ако е потребно. Целосната големина на штетата на леталото не била откриена додека не слетало на земјата.

Откако патниците се симнале, екипажот го прегледал леталото однадвор и открил дека недостасуваат две од прозорските стакла на кабината, а третото било поместено.

Скршеното надворешно стакло подоцна било пронајдено при рутинска проверка на пистата, додека четвртиот прозорец бил откриен искршен од левата страна на трупот.

Од ААИБ објаснуваат дека авионот бил користен за снимање еден ден претходно и дека прозорците можеби „претрпеле термички оштетувања“ поради зголемените температури.

„Сопствениците и операторите на авионите треба да размислат за опасноста од таквите активности за да се намали ризикот од оштетување на авионите“, се додава во извештајот.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Свет

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Read more

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Read more

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе