Австралија Опен потврди: Ѓоковиќ прв носител

Организаторите на Австралија Опен објавија дека најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе биде првиот носител на Грен слем турнирот кој започнува следниот понеделник.

Ѓоковиќ во Мелбурн пристигна кон средината на минатата недела, откако доби медицински ослободување од вакцинација против коронавирусот, а визата му беше одземена веднаш по неговото пристигнување, по што беше сместен во хотел кој служи како прифатен центар за мигранти.

Федералниот суд во Мелбурн потоа донесе пресуда во понеделникот, со која ја поништи одлуката на австралиската влада за укинување на визите, а Ѓоковиќ веднаш по ослободувањето замина на тренинг во Род Лејвер Арената.

Сепак, српскиот тенисер би можел да биде депортиран во наредните денови, доколку таква одлука донесе тамошниот министер за имиграција.

Ѓоковиќ во кариерата досега има освоено 20 Грен слем титули, исто толку колку и Роџер Федерер и Рафаел Надал, па со својата 10-та титула во Мелбурн би можел да стане најуспешен тенисер по број на титули на најголемите турнири. .

Вториот носител е Русинот Данил Медведев, кој минатата година го победи Ѓоковиќ во финалето на УС Опен, трет е германскиот тенисер Александар Зверев, а потоа следуваат Гркот Стефанос Циципас, Русинот Андреј Рубљев и Надал.

Австралијката Ешли Барти е првата тенисерка во светот која е потврдена како прва носителка на Австралија Опен.

Таа досега освои две Грен слем титули, во 2019 година на Ролан Гарос, додека минатата година го освои Вимблдон.

Втора носителка на женскиот дел од турнирот е Белорусинката Арина Сабаленка, трета е Шпанката Гарбиње Мугуруса, а во првата петорка се и Чехинката Барбора Крејчикова и Гркинката Марија Сакари.

Австралија Опен се одржува од 17 до 30 јануари.

Конечно се огласи и АТП

По шестдневен молк конечно се огласи Здружението на тениски професионалци (АТП) по повод случајот „Ѓоковиќ“.

На најдобриот светски тенисер прво му беше одбиена визата за влез во Австралија, а подоцна одлуката беше укината на суд и Ѓоковиќ почна да тренира за да биде максимално подготвен да го дочека стартот на првиот Грен слем турнир во сезоната.

АТП соопшти дека ги почитува жртвите што ги претрпе австралискиот народ од почетокот на пандемијата на коронавирус и воспоставените строги политики за имиграција.

„Меѓутоа, компликациите од последните денови во врска со влезот на играчите во Австралија ја истакнаа потребата од појасно разбирање, комуникација и примена на правилата. Додека патуваше во Мелбурн, Ѓоковиќ веруваше дека му е одобрено неопходното медицинско ослободување за да се придржува кон влезот. Низа настани што доведоа до судското сослушување во понеделник беа штетни на сите фронтови, вклучувајќи ги и подготовките на Новак за Австралија Опен. Го поддржуваме исходот од понеделник и очекуваме неколку возбудливи тениски недели пред нас“, соопшти АТП.

Исто така, АТП рече дека сè уште силно препорачува вакцинација.

„АТП продолжува силно да препорачува вакцинација за сите играчи на АТП турнирот, што веруваме дека е од суштинско значење за нашиот спорт да се бори против пандемијата. Ова се заснова на научни докази кои ги поддржуваат здравствените придобивки и во согласност со глобалните регулативи за патување, за кои очекува дека со време ќе станат построги. Охрабрени сме, бидејќи 97 од 100-те најдобри светски играчи се вакцинирани, што доведе до овогодинешниот Австралија Опен“, соопшти АТП.

реклама

Тенис

Informer: Ѓоковиќ тајно примен на Ургентен во Белград

Read more

Невролог ја анализира бизарната повреда на Ѓоковиќ: Колку ќе му се одрази на играта?

Read more

Ѓоковиќ би можел да се збогува со тенисот по Олимпијадата

Read more

Ѓоковиќ го боли ударот од шишето: По дебаклот во Рим најави дополнителни прегледи

Read more
 

Спорт

Роналдо далеку пред конкуренцијата, најмногу заработил во последните 12 месеци

Читај повеќе

Генијален план стои зад одлуката на Валверде да го замени голманот во 61. минута

Читај повеќе
  • play_arrow

Нетс повлекуваат седми број: 15-ката на Винс Картер заминува во пензија

Читај повеќе

Крос: Судијата згреши, Баерн со право се бесни

Читај повеќе

Николов и Начевски ќе го судат финалето во Лигата на шампиони

Читај повеќе

Нагелсман шокираше со составот за ЕУРО: Исфрли неколку великани

Читај повеќе

Жирона може да се радува: City Group се повлекува за клубот да игра ЛШ

Читај повеќе

Дали Англичаните ќе донесат историска одлука за укинување на ВАР?

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ: Јас сум чудо на природата!

Читај повеќе