Автопортрет на Фрида Кало достигна рекордна цена за слика на латино уметник

Слика на мексиканската уметница Фрида Кало се продаде преку аукциската куќа Sotheby’s во Њујорк за рекордна цена од 34,9 милиони долари.

Тоа е највисоката цена што ја достигнало дело на уметник од Латинска Америка. Претходниот рекорд го држеше дело на Диего Ривера, со кој Кало имаше турбулентна врска.

Неговото дело беше продадено за 9,76 милиони долари во 2018 година.

Сликата „Јас и Диего“ на Фрида Кало е еден од нејзините последни автопортрети. Беше претставена на аукцијата како едно од нејзините најважни дела што било ставено на продажба.

Купувачот е Едуардо Ф. Косантини, основач на музејот во Аргентина, пренесува New York Times.

Сликата претходно беше продадена на аукција во 1990 година за 1,4 милиони долари.

Кало е една од најпознатите сликари на 20 век, а позната е по своите интимни автопортрети кои ја отсликуваат болката и изолацијата.

Сликарката родена во 1907 година гордо ја промовираше домородната мексиканска култура преку уметноста. Нејзините дела го отсликуваат и болниот однос со сопственото тело, инвалидитет поради полио и тешките повреди здобиени во сообраќајна несреќа.

Кало почина во 1954 година.

Тагови
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Живот

Што можете да направите против опаѓање на косата по породување?

Read more

Трик со две состојки спречува црната облека брзо да избледи

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Со еден трик брашното останува свежо и до една година

Read more
 

Магазин

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе

Што можете да направите против опаѓање на косата по породување?

Читај повеќе

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Читај повеќе

Трик со две состојки спречува црната облека брзо да избледи

Читај повеќе

Најлоши места во домот за собни растенија

Читај повеќе

Со еден трик брашното останува свежо и до една година

Читај повеќе

Американски психолог откри кои фрази родителите треба да им ги кажуваат на децата во моменти на лутина

Читај повеќе
  • play_arrow

15 најмистериозни подводни аномалии

Читај повеќе

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Читај повеќе