Баерн го руши финансискиот рекорд за Кејн

Баерн не се откажува од идејата да го доведе Хари Кејн од Тотенхем.

Откако лондонскиот клуб одби околу 93 милиони евра, што беше втора понуда, Баерн подготви и трета.

Понудата е рекордно висока за германскиот клуб и изнесува 100 милиони евра, пишува Daily Mail.

Најскапото купување на Баерн на сите времиња е Лукас Ернандес, донесен во 2019 година од Атлетико Мадрид за 80 милиони евра.

Тие се подготвени да издвојат многу повеќе за играч кој неодамна го прослави својот 30-ти роденден и е под договор само уште една сезона.

Daily Mail наведува дека можно е Тотенхем да ја прифати понудата.

Кејн го чека својот прв трофеј

Текстот е напишан по состанокот на кој од Минхен пристигнале претставниците на германскиот шампион Јан-Кристијан Дрезен и Марко Непе за да се договорат со првиот човек на Спарс Даниел Леви.

Кејн постигна рекордни 280 голови на 435 натпревари за Тотенхем. Тој е и рекордер на репрезентацијата на Англија со 58 гола на 84 натпревари.

Се очекува Баерн доколку се договори за трансфер со Тотенхем, на Кејн да му понуди четиригодишен договор.

И покрај одличната голгетерска кариера, Кејн досега нема освоено ниту еден тимски трофеј.

реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Фудбал

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Read more

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе