Баерн за Вирц ќе го урне клупскиот рекорд

Баерн е заинтересиран за офанзивниот играч за врска Флориан Вирц (20), објави инсајдерот на Sky Sport, Флориан Плетенберг.

Вирц, играч на Баер Леверкузен, е еден од најголемите светски таленти, интерес за него покажува и Барселона. Плетенберг открива дека Вирц има желба да се пресели во Баерн, додека трансфер во странство моментално не е опција.

Вирц е на врвот на листата на желби на Баерн за 2024 или 2025 година, но неговиот евентуален трансфер зависи од останувањето или заминувањето на Џамал Мусиала и Томас Милер, чии договори важат до 2026, односно 2024 година.

Доколку клубот од Минхен одлучи да го донесе Вирц, Баер ќе бара 120-130 милиони евра. Баерн на тој начин би го соборил клупскиот рекорд за највисоко платено обештетување.

Во моментов најскап трансфер е тој на Хари Кејн кој со бонуси може да достигне 110-115 милиони евра.

Вирц во 2020 година пристигна во јуниорскиот тим на Баер. Сезонава постигна 6 и асистираше за 10 гола на 18 настапи за неговиот тим кој е на првото место во Бундеслигата под водство на тренерот Шаби Алонсо.

Тој веќе има 14 настапи за германската репрезентација, а Transfermarkt неговата вредност ја проценува на 85 милиони евра.

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Фудбал

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Read more

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Read more

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Read more

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more
 

Спорт

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе