Бајден со директна порака на заканата од Иран: Ќе одговориме

Макфакс
/ 27.10.2023 / 11:03

Американскиот претседател Џо Бајден испрати ретка порака до иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, предупредувајќи го Техеран да не ги таргетира американските војници на Блискиот Исток, соопшти Белата куќа, по серијата напади врз американските сили во регионот.

„Испратена е директна порака“, рече портпаролот на Белата куќа Џон Кирби на брифингот со новинарите, но не даде детали.

Американските власти сакаат да избегнат поширок конфликт на Блискиот Исток по нападот на Хамас на 7 октомври, пишуваат регионалните медиуми.

Околу 900 дополнителни американски војници се упатени или неодамна пристигнаа на Блискиот Исток за да ја зајакнат противвоздушната одбрана и да го заштитат американскиот персонал во услови на пораст на нападите во регионот од групи поврзани со Иран, соопшти Пентагон, пренесе HINA.

Војската на САД беше нападната најмалку 12 пати во Ирак и 4 пати во Сирија минатата недела, додаде тој.

Бајден рече дека го предупредил ајатолахот дека САД ќе одговорат ако американските сили продолжат да бидат мета, но не кажа како е пренесена пораката.

„Моето предупредување до ајатолахот е дека ако продолжат да дејствуваат против армијата, ние ќе одговориме, а тој треба да биде подготвен. Ова нема никаква врска со Израел“, им рече тој на новинарите.

Израел ја бомбардира Газа од воздух, воведе опсада и подготвува копнена инвазија.

Палестинските власти тврдат дека биле убиени повеќе од 7.000 луѓе.

Американскиот министер за финансии, Џенет Јелен, рече дека администрацијата на Бајден бара повеќе опции за да го намали протокот на средства за Хамас по нападот врз Израел.

Јелен во интервју за Bloomberg рече дека администрацијата веќе презела „голем број“ чекори за воведување санкции кон Хамас.

Рече дека засега не гледа многу последици од конфликтот меѓу Израел и Хамас врз глобалната економија, но внимателно ги следи случувањата.

реклама

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Read more

Апасиев: Ја пасокизиравме СДС, го преполовивме проектот на Максо

Read more

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Read more

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Read more

Свет

Браќата Тејт добија граѓанска тужба за силување и напад

Read more

Грета Тунберг казнета поради протестите во Стокхолм

Read more

Бајден ја запре испораката на оружје за Израел

Read more

Зошто растат кириите за домување во Германија?

Read more
 

Вести

Вучиќ и Орбан ѝ честитаа на Силјановска Давкова

Читај повеќе

Браќата Тејт добија граѓанска тужба за силување и напад

Читај повеќе

Награден конкурс за книжевни творби инспирирани од творештвото на Франц Кафка

Читај повеќе

Цените на нафтата пораснаа, доларот зајакна

Читај повеќе

Грета Тунберг казнета поради протестите во Стокхолм

Читај повеќе

Бајден ја запре испораката на оружје за Израел

Читај повеќе

ДНК на малата Данка не била пронајдена на автомобилот со кој била удрена

Читај повеќе

Зошто растат кириите за домување во Германија?

Читај повеќе

Битиќи поднесе оставка од функцијата потпретседател на СДСМ

Читај повеќе