Бајден води во одлучувачкиот Висконсин по преброени 99 отсто од гласовите

МИА/КАЈГАНА
/ 04.11.2020 / 16:29

По преброените 99 проценти од гласовите во американската сојузна држава Висконсин, демократскиот кандидат Џо Бајден има сосема мала предност од околу 20.000 гласови пред својот противкандидат, актуелниот претседател Доналд Трамп, пренесе BBC.

И покрај малата предност на кандидатот на Демократската партија резултатот е претесен за да се предвиди кој ќе победи во оваа држава.

Во 2016 година Трамп токму во оваа сојузна држава ја победи Хилари Клинтон со помалку од 30.000 гласови, што беше големо изненадување.

Претседателските избори во САД се покажаа понеизвесни отколку што се очекуваше, а три држави – Висконсин, Мичиген и Пенсилванија, би можеле да бидат клучни во одлучувањето дали победник на изборите ќе биде актуелниот претседател Доналд Трамп или демократскиот кандидат Џо Бајден, пренесуваат американските медиуми.

Трамп победи во Охајо, Флорида, Тексас, Ајова, Кентаки, Индијана, Западна Вирџинија, Јужна Каролина и Небраска, додека Бајден победи во Минесота, Калифорнија, Аризона, Вермонт, Вирџинија, Род Ајленд, Илиноис, Илиноис, Њу Џерси, Конектикат, Делавер, Мериленд и областа Колумбија.

СNN објави дека е најнеизвесно во девет сојузни држави каде сè уште не е познато кој ќе ги добие гласовите на електоратот. Станува збор за Алјаска, Аризона, Џорџија, Мичиген, Мејн, Невада, Северна Каролина, Пенсилванија и Висконсин.

Државата што може да одлучи за изборите е Пенсилванија, која носи 20 гласови од Изборниот колеџ. Во оваа држава Трамп е во предност со околу 12 проценти.

Најважните држави што Трамп ги освои се Флорида, која носи 29 гласови од Избирачкиот колеџ и спаѓа меѓу т.н. одлучувачки држави, како и Тексас со 38 гласови.

Бајден, пак, победи во Калифорнија (55 гласови од ИК) – која е традиционално демократска -  и во Њујорк (29).

Едно од најголемите изненадувања на Бајден се случи со освојувањето на Аризона, што ја држеле републиканците на сите избори од 1948 година, освен кога победи демократот Бил Клинтон во 1996 година.

За победа се потребни 270 од вкупно 538 гласа во Изборниот колеџ.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Свет

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Read more

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Read more

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе