УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2022/2023

Барела: Отсекогаш сметав дека губењето е синоним за неуспех, но...

Филип Здравески
/ 12.06.2023 / 13:43

Играчот на Интер упати емотивна порака по загубеното финале од Лигата на шампионите. Тој поразот повеќе не го смета за неуспех.

Во саботата, Интер со минимални 1:0 го загуби големото финале од Лигата на шампионите против Манчестер Сити, но пружи силен отпор против силниот фаворит, пропушти неколку шанси за гол и ги убеди сите што го потценуваа дека заслужено стигнал до финалето.

Николò Барела, еден од најдобрите играчи на „Нераѕурите“, е разочаран од поразот, како и секој. Но, играта што ја покажа неговиот тим и пласманот во финалето му одржаа животна лекција, од која научил многу.

Со емотивна порака тој им се обрати на навивачите на Интер:

„Отсекогаш сметав дека победувањето е синоним за слава, а губењето синоним за неуспех. Но, за време на овие неколку години сфатив дека има нешто повеќе. Тоа е гордоста, и пред сѐ љубовта што ја добивме. Тоа е соблекувалната сочинета од момци што напорно работеа за Интер да се врати онаму каде што заслужува да биде. Тоа е потта што секогаш ја дававме за овој дрес. Тоа се победите што ни даваа емоции кои засекогаш ќе ги носиме во нас. Тоа се поразите, горчливи, тешки за надминување, но стимулирачки на свој начин што тера да направиш нешто уште поголемо“.

„Поради тоа сребрениот медал ќе стои таму најнапред, со победите, а не скриен во некој агол. Благодарам на сите за ова фантастично патување“, заврши играќот од средниот ред.

За Барела постои голем интерес од бројни европски клубови, но 26-годишниот италијански репрезентативец има договор со Интер до јуни 2026 година.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Фудбал

Меси повторно растура!

Read more

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе