Барса на пријателска го понижи Интер Мајами на Бекам

Неславна проверка имаше новиот американски клуб кој загуби со високи 6:0 од славната Барселона на пријателски натпревар.

Американската турнеја Барселона ја почна силовито, со голема победа над клубот чиј сопственик е Дејвид Бекам - Интер Мајами. Натпреварот се одигра на „Драјв Пинк“ стадионот во Форт Лодердејл на Флорида, кој е и дом на Интер Мајами.

Кај каталонскиот клуб најмногу се истакна Рафиња кој пред само неколку дена му се приклучи на тимот. Го одигра првото полувреме и веднаш покажа дека ќе биде големо засилување за тимот на Чави Ернандес. Во 19. минута му асистираше на Пјер-Емерик Обамејанг за првиот гол, потоа во 25-тата самиот погоди за 2:0, а во 41. минута одново асистираше, овој пат за младиот Ансу Фати за 3:0.

За време на паузата Чави ја промени комплетната постана на Барса, но голеадата продолжи. Гави во 55. минута, Мемфис Депај во 69-тата и Усман Дембеле во 70-тата се погрижија натпреварот да заврши со високи 6:0.

Remote video URL

За домашниот тим првото полувреме го одигра Гонсало Игуаин, кој беше тотално немоќен, додека на 4 минути пред крајот натпреварот го почувтствува и синот на Дејвид Бекам, 19-годишниот Ромео Бекам.

Интер Мајами во американската МЛС по 21. коло е на 9. место во Источната конференција со 25 бода и скор од 7 победи, 4 ремија и 9 порази.

Барса во САД продолжува в недела кога во Лас Вегас ќе игра Ел Класико против Реал Мадрид. Потоа следуваат натпревари со Јувентус, Њујорк Ред Булс и мексиканскиот УНАМ.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Фудбал

ФК Шкупи: Секоја недела некој ни ги краде бодовите

Read more

Подолговечен од Фергусон: Ист тренер ја води Виртус Верона 42 години

Read more

Парма се врати во Серија А

Read more

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

ФК Шкупи: Секоја недела некој ни ги краде бодовите

Читај повеќе

Подолговечен од Фергусон: Ист тренер ја води Виртус Верона 42 години

Читај повеќе
  • play_arrow

Дончиќ повреден го предводеше Далас до голема победа, по мечот едвај одеше

Читај повеќе

Парма се врати во Серија А

Читај повеќе
  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе