ЗИМСКИ ТРАНСФЕРИ 2024

Барселона тргна по шведското чудо од дете

Макфакс/Кајгана
/ 10.01.2024 / 15:29

Лукас Бергвал, сè уште 17-годишен шведски играч од средниот ред, стана член на првиот тим на Јургорден на крајот од минатата сезона. Со своите игри ги принудуваше скаутите на силните европски клубови да им ги пренесат впечатоците за него на претпоставените. Интерес покажа и Барселона.

Каталонскиот клуб е во финансиски проблеми и не може да им парира на понудите на конкуренцијата за фудбалски ѕвезди. Она што може да го направи е да се грижи за иднината, а Бергвал е означен како еден од играчите кои би можеле да бидат дел од иднината на клубот.

Шпанските медиуми пишуваат дека Барселона би можела да го донесе во трансфер многу помал од 15 милиони евра, но и дека шведскиот репрезентативец до 21 година е заинтересиран да дојде на „Камп Ноу“. Тој е под договор до летото 2025 година, а Transfermarkt го вреднува на 5 милиони евра.

Преговорите ќе започнат наскоро.

Бергвал дојде во Јургорден пред една година од редовите на Бромапојкарна. Во шведското првенство, кое трае од април до ноември, во минатата 2023 сезона одигра 23 натпревари, постигна 2 гола и еднаш асистираше.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Фудбал

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Read more

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Read more

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе