ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Бекам го брани Кејн: Само вистински лидер презема одговорност

Филип Здравески
/ 11.12.2022 / 12:31

Легендата на англискиот фудбал синоќа присуствуваше во живо на натпреварот на неговата Англија против Франција и во тажно расположение мораше да си замине.

Дејвид Бекам синоќа беше во ложата на стадионот „Ал Бајт“ каде Англија и Франција го одиграа последното четвртфинале. На негово незадоволство Англија загуби со 2:1 откако во 84. минута Хари Кејн промаши пенал за израмнување. Бекам упати зборови со поддршка и до капитенот и до целата репрезентација.

„Нашите момци ќе продолжат да напредуваат. Секогаш е најлошо чувството да се разбудиш откако си бил елиминиран од турнир, но нашите играчи, Гарет, стручниот штаб и сите наши навивачи можат да бидат горди на овој тим... Само вистински лидер презема одговорност во ваков момент и тоа е она што нашиот капитен го направи. Наредниот пат ќе има поинаков крај, си заминуваме со високо кренати глави“, напиша Бекам на социјалните мрежи.

Бекам со Англија беше дел од 3 Мундијали, но ниту тој немаше успех. Во 1998 беше запрен на пенали од Аргентина во осминафиналето, во 2002 од Бразил со 2:1 во четвртфиналето, а во 2006 на пенали од Португалија исто така во четвртфиналето. Во 2010 не беше во составот поради повреда на Ахиловата пета.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Фудбал

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more

Меси повторно растура!

Read more

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе