Бектеши со евтини летови Скопје-Сараево ќе го зголемува бројот на туристи во двете земји

На барање на Босна и Херцеговина, министерот за економија Крешник Бектеши ќе предложи во нашето Министерство за транспорт и врски да се разгледа можноста за евтини летови за граѓаните од Скопје до Сараево и обратно. Оваа можност министерот Бектеши ја соопшти денес откога со министерот за надворешна трговија и економски односи на Босна и Херцеговина, Сташа Кошарац, потпиша договор со кој ќе се зајакнува соработката во економијата и туризмот меѓу Македонија и Босна и Херцеговина.

„И со министерот и со амбасадорот разговараме за привлекување туристи, се вклучи и амбасадорот имајќи ги предвид и барањата што ги има во Амбасадата на Босна и Херцеговина. Ние сме заинтересирани, јас ќе го проследам нивниот интерес до министерот за транспорт и врски имајќи ги предвид програмите што ги реализираме во делот на субвенционирање евтини летови, а не само за да имаме и конекција меѓу Скопје и Сараево, особено во делот на старите чаршии, а зошто да не и за друг вид туризам“, рече министерот Бектеши.

Неговите очекувања се со договорот што денес го потпишаа да се зголеми бројот на туристи во двете земји.

„Секогаш сме заинтересирани да се продлабочи соработката со Босна и Херцеговина. На билатералниот состанок разговаравме за продлабочување на соработката во разни сектори, а денеска тоа го формализираме и со склучување договор во делот на соработката во економијата, секако и во туризмот, имајќи ги предвид, секако, потенцијалите што и двете држави ги имаме за да се зголеми бројот на туристи од нашата држава кон Босна и Херцеговина, а секако и обратно. Во делот на економската соработка многу е важно да ги формализираме работите што се бараат од страна на стопанствениците од двете држави. Тоа секако е олеснување на трговијата, а преку тоа и зголемување на обемот на трговијата меѓу двете држави“, рече министерот Бектеши по потпишувањето на договорот со министерот Кошарац, кој е во официјална посета на Македонија.

Досегашното искуство покажало дека трговската размена меѓу Албанија, Македонија и Србија со иницијативата Отворен Балкан се зголемила 30%, па Бектеши приближно толкав пораст очекува и во трговската размена со Босна и Херцеговина и со другите држави што би се приклучиле.

„Во делот на туристи имаме околу 9.000 граѓани и од нашата држава, што ќе ја посетат Босна, а и од нивната страна во Северна Македонија. Во делот на процентите секако дека не може да имаме конкретни проценти, но имајќи го предвид искуството, тоа што го имаме со соседните држави со кои имаме вакви договори, а особено со ратификување одредени закони во склоп на Отворен Балкан, а секако и одлуките што излегуваат од страна на берлинскиот процес, речиси 30% иницијално е зголемена трговската размена меѓу Албанија, Македонија и Србија, што би значело дека 30% е минималниот потенцијал што би можеле да го имаме и со Босна и Херцеговина, па и со другите држави кои би одлучиле да се вклучат во вакви иницијативи“, рече министерот Бектеши.

Тој нагласи дека разговарале и за иницијативата Отворен Балкан, каде што формални членки моментно се Македонија, Албанија и Србија, како што рече, вратата ќе биде отворена за сите други држави од Западен Балкан.

реклама

Македонија

Мојсоска: На 8 мај младите ќе стават крај на истрошените елити кои немаат што да понудат

Read more

Без струја дел од корисниците на Волково и Кучково

Read more

Променливо облачно, попладне дожд

Read more

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Read more
 

Вести

Мојсоска: На 8 мај младите ќе стават крај на истрошените елити кои немаат што да понудат

Читај повеќе

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Читај повеќе

Без струја дел од корисниците на Волково и Кучково

Читај повеќе

Променливо облачно, попладне дожд

Читај повеќе

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе