Белорусија изгласа нов устав кој дозволува нуклеарно оружје

Б.С.Б.
/ 28.02.2022 / 10:43

На вчерашниот референдум во Белорусија е одобрен нов устав со кој земјата се откажа од нејзиниот ненуклеарен статус, во време кога од територијата на оваа поранешна советска република руските трупи ја напаѓаат Украина.

Според белоруската Централна изборна комисија, 65,2 % од луѓето кои излегле на референдумот гласале „за“.

Новиот устав овозможува нуклеарно оружје на белоруска територија за првпат откако земјата се откажа од него, по распадот на Советскиот Сојуз. Вчера, говорејќи на избирачко место, претседателот Александар Лукашенко изјави дека би можел да побара од Русија да го врати нуклеарното оружје на Белорусија.

„Ако Западот префрли нуклеарно оружје во Полска или Литванија, на нашите граници, тогаш ќе му се обратам на Путин да го врати нуклеарното оружје кое претходно го дадов без услови“, изјави Лукашенко.

Референдумот поттикна антивоени протести во неколку градови, а најмалку 290 луѓе се приведени.

Уставот исто така му обезбедува на претседателот доживотен имунитет од казнен прогон.

реклама

Свет

Кремљ: Мешањето на силите на НАТО во украинскиот конфликт – огромна опасност

Read more

Авион на Boeing без предни тркала безбедно слета во Истанбул

Read more

Популарноста на Америка во светот опаѓа, а на Русија и на Кина расте, покажува истражување

Read more

Масивен ракетен напад врз Украина, Зеленски: Светот не смее да му даде шанса на новиот нацизам

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Апасиев: Ја пасокизиравме СДС, го преполовивме проектот на Максо

Читај повеќе

Касами слави во Тетово: Од утре почнуваат преговори за нова влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ВЛЕН

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски му честита на Мицкоски: Резултатот е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Читај повеќе
  • play_arrow

Силјановска: Ќе бидам претседателка на сите граѓани, не е време за поделби и триумфализам

Читај повеќе

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Читај повеќе
  • play_arrow

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Читај повеќе

Меџити: Али Ахмети од денеска е најголемиот политички губитник

Читај повеќе

На 51% пребројани гласови Силјановска води 136 илјади пред Пендаровски

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица обвини за нерегуларности кои сериозно го нарушуваат демократскиот процес

Читај повеќе