ЛЕТНИ ТРАНСФЕРИ 2023

Бензема се договори со Ал Итихад, ќе заработува 200 милиони евра годишно

Францускиот напаѓач Карим Бензема (35) го потпиша главниот дел од документите за да стане нов играч на Ал Итихад, а наскоро се очекува и официјална потврда за овој трансфер, тврди упатениот новинар Фабрицио Романо.

Договорот на Бензема ќе трае до летото 2025 година и ќе вклучува опција за продолжување на уште една сезона.

Французинот во оваа прилика ќе заработува близу 200 милиони евра годишно со комерцијални зделки и поволности вклучени во оваа цена.

Карим утре со прес-конференција ќе се прости од навивачите на Реал, по што ќе замине за Саудиска Арабија.

URL

Да потсетиме, Бензема израсна во младинскиот систем на Лион, од каде во 2005 година беше прекомандуван во првиот тим. Четири години подоцна Лион го продаде на Реал за 35 милиони евра, а актуелниот договор со мадридскиот клуб му истекува на 1 јули.

Сезонава одигра 43 натпревари за Реал во сите натпреварувања, постигна 31 гол и направи 6 асистенции.

За француската репрезентација дебитираше во 2007 година од кога забележа 97 настапи на кои постигна 37 голови.

Ал Итихад сезонава стана шампион на Саудиска Арабија завршувајќи со 5 бода пред Ал Наср на Кристијано Роналдо, што е негова 9-та лигашка титула. Со ова се квалификува во азиската Лига на шампиони, но останува до септември да видиме дали ќе игра со оглед на тоа што АФЦ во изминатите три сезони не му дозволуваше поради причини поврзани со финансирањето.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Фудбал

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Read more

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Read more

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Read more

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more
 

Спорт

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе