Бензема со хет-трик ја „уништи“ Барселона сред Камп ноу

Макфакс/Кајгана
/ 06.04.2023 / 08:31

Реал Мадрид ќе игра со Осасуна во финалето на Кралскиот куп, откако во неверојатен меч на Камп ноу, Карим Бензема постигна хет-трик, а „кралевите“ дојдоа до 4:0 победа, елиминирајќи ја предноста од 0:1 на Барселона од првиот меч во Мадрид.

Ова е втор хет-трик во два меча за Бензема, по неговото шоу против Валјадолид во лигашкиот меч во текот на викендот.

По поразите во Суперкупот на Шпанија и големата предност која Барселона ја направи на врвот на табелата во Ла лига, се сметаше дека Лигата на шампиони е единствена шанса за титула на „белите“, но како и секогаш, тимот на Карло Анчелоти не смее да се потцени.

Мечот што во 10. минута беше прекинат со извици „Меси, Меси“ од навивачите на Барса, се сврте наопаку во финишот на првото полувреме, кога по брза контра, Винисиус Жуниор ја смести топката во мрежата за 0:1. Првично голот беше запишан на Карим Бензема, но францускиот напаѓач не се лутеше и додаде хет-трик во второто полувреме.

Во 50. минута, тој ја искористи „заспаноста“ на одбраната на домаќините, за лесно да го совлада Марк-Андре Тер Штеген, за во 58. минута по фаулот на Френк Кеси над Вини беше досуден пенал, а Бензема не згреши. Хет-трикот беше комплетиран во 82. минута, кога Вини му асистираше на Бензема.

Remote video URL
реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Фудбал

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Read more

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Read more

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Read more

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more
 

Спорт

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе