Американскиот независен сенатор и левичар Берни Сандерс изјави дека Соединетите Американски Држави стануваат олигархија како Русија.
Тој го изјави ова во интервју за Sky News, додека ја промовираше својата неодамна објавена книга „Во ред е да се лутиш поради капитализмот“ (It's OK to be Angry About Capitalism).
„Јас сум лут затоа што во мојата земја, САД, имаме поголема нееднаквост во приходите и богатството отколку што некогаш сме имале во историјата на нашата земја. Средната класа има сè помали примања, работничката класа се мачи да ставија храна на маса, но милијардерите прават феноменално „Постои поголема концентрација на сопственост во многу сектори, без разлика дали се работи за земјоделството, медиумите, Волстрит, транспортот“, посочи тој.
Според Сандерс, сè помалку големи корпорации контролираат што се случува во САД.
„Во Америка постои класа милијардери кои се способни да дадат огромни суми пари на одредени кандидати и да доминираат во политичкиот систем. Она што го гледаме е нација која брзо станува олигархија. Зборуваме за Русија и Путин олигархија. Па, има и олигархија во САД“, изјави тој.
Како причина поради која се лути, посочи дека се случува регресија и покрај технологијата која постои. Тој рече дека со книгата сака да поттикне размислување за тоа како американските работници работат повеќе, а заработуваат помалку поради технолошкиот напредок. Тој ја истакна потребата да се осигура дека технологијата работи за работникот, а не само за сопствениците на технологијата.