Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ на 12 август (петок) организира дружба за загревање за тринаесеттиот „МакеДокс“ во дворот на Музејот на современата уметност (МСУ) - Скопје.

На програмата има „размрдување“ со Нино Flooder, музички дел што почнува во 18 часот, и специјална проекција на документарниот филм „Рене“ (Чешка / 2008 / 83’) на режисерката Хелена Тшештикова, која е почесен гостин на овогодинешнето издание на „МакеДокс“. Проекцијата е планирана за 21 часот, а влезот е бесплатен.
Животот на Рене бил следен од камерата уште од 17-годишна возраст. Камерата го следела неговото безнадежно патување помеѓу затворот и надворешниот свет. Во 2008 година филмот завршува, оставајќи го Рене како болен 37-годишник кој е автор на две издадени книги и кој сè уште има проблеми со законот. Режисерката Хелена Тшештикова го документира личниот развој на Рене наспроти значајните политички промени кои се случуваат во Централна Европа.
Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ во своето 13-то издание ќе се одржи од 18 до 25 август во Скопје. Фестивалската програма ќе се прикажува на четири локации, и тоа во Куршумли-ан, плато на Музеј на Македонија пред Куршумли-ан, МКЦ и „Europe House Скопје“.
Тринаесеттото издание на „МакеДокс“ е поддржано од Агенцијата за филм на Северна Македонија, Програмата МЕДИА на „Креативна Европа“, Националната фондација за демократија од Вашингтон, Институтот „Јунус Емре“ - Скопје, Чешката Амбасада во Скопје, Чешкиот културен цeнтар во Софија, Сивус Скопје - Групација „Арикома“, Грчкиот културен центар, МЕДИА деск МК, Музеј на РСМ, Археолошки музеј, Музеј на современата уметност, такси „Глобал“.
Фестивалските билети можат да се набават онлајн преку продажната мрежа на мк.тикетс (www.mktickets.mk). Целовечерен билет за проекциите во Куршумли-ан чини 200 денари, а билет за втората проекција во Куршумли-ан чини 150 денари. Единечен билет за проекциите на платото на Музеј на РСМ може да се набави по цена од 100 денари. Билетите за церемонијата на отворање на 18 август и церемонијата на доделување награди на 24 август се со цена од 300 денари. Единечен билет за проекциите во МКЦ е 50 денари, а за деца под 10 години билетите се бесплатни.
Медиумски покровители на 13. „МакеДокс“ се: Кајгана Медиа, Слободен печат, Нова Македонија, МТВ – Прв програмски сервис, МКД.мк, УМНО, СДК.мк (Сакам да кажам.мк), Плус Инфо, Окно, Офф.нет, Е-магазин, Лице в лице, Радио МОФ, Радио Џез ФМ, Радио Канал 103, Радио Антена5, Радио Бубамара, Лајф Радио, Его, Поп-ап, Види Вака, Гледај.мк и Еспресо.мк.