Бизарни правила: Медал за Лига купот доби голманот на Њукасл, може и Роналдо

Филип Здравески
/ 28.02.2023 / 14:47

Иако не само што е заминат од Манчестер Јунајтед, туку и кога беше во клубот не одигра ниту еден натпревар од англискиот Лига куп, Кристијано Роанлдо може да добие медал. А, пак, медал од Јунајтед веќе доби голманот на поразениот Њукасл.

После 6 години Манчестер Јунајтед освои трофеј освојувајќи го Лига купот, познат и како Карабао куп, откако во неделата го победи Њукасл Јунајтед со 2:0 на „Вембли“, кому му ја скрати надежта дека ќе освои пехар после цели 68 години пост.

Роналдо, нормално, беше во Саудиска Арабија каде можеби не го ни гледал финалето, а сепак може да добие медал благодарение на бизраните правила на Англичаните.

Имено, Англиската фудбалска лига (ЕФЛ), како организатор на Лига купот (не е ФА) ги поставува правилата кои велат дека на освојувачот на пехарот му следуваат 30 медали наменети за играчите.

„Покрај пехарот (кој треба да се врати барем еден месец пред финалето наредната година, заб. на прев.), Управниот комитет му доделува и 30 медали на победничкиот тим; и 30 признанија на поразениот тим. Дополнителни медали можат да бидат доделени во согласност на Управниот комитет, но ќе бидат на трошок на клубот“, стои во Правилникот на ЕФЛ.

Манчестер Јунајтед во Лига купот употреби вкупно 27 играчи, поради што нема потреба да бара дополнителни медали на свој трошок, а воедно ќе му останат три.

Правилата велат дека медал може да добие и играч што бил дел од тимот таа сезона, но го напуштил клубот. Тука се појавува името на Роналдо. Сепак, сѐ зависи од волјата на клубот бидејќи не постои пишано правило кое може да го натера Јунајтед да му даде медал на Роналдо.

И доколку „Црвените ѓаволи“ одлучат да му испратат медал на Роналдо во Саудиска Арабија, сепак Португалецот нема да може да си го вброи Лига купот во своето трофејно CV. За вакви случаи правилата се јасни: медал може, но не е освоен пехар. Така, Роналдо би имал медал од англискиот Лига куп 2022/2023, но тој нема да му биде вброен во листата на освоени титули - затоа што, едноставно, не го освоил.

Голманот на поразениот Њукасл доби медал

Друга бизарна ситуација е со голманот на поразениот тим од финалето, Словакот Мартин Дубравка. Тој е меѓу оние 27 фудбалери на кои Манчестер Јунајтед им подели медал.

Имено, словачкиот репрезентативец е дел од Њукасл од 2018 година, но од 1 септември 2022 замина на позајмица токму во тимот од Манчестер. За „Ѓаволите“ запиша само 2 настапа, двата, интересно, во Лига купот. Потоа среде сезона Њукасл го повика назад, прекинувајќи ја позајмицата, па така Дубравка остана без право на настап на големото финале, бидејќи, согласно правилата, играч кој веќе настапил за еден тим во една сезона не може во истата да настапи за втор тим.

Дубравка во дресот на Манчестер Јунајтед сезонава

Дубравка финалето го гледаше од трибини, а бизарната ситуација е што со победа на неговиот Њукасл тој ќе останеше без медал, додека со победа на неговиот поранешен клуб Манчестер Јунајтед тој има загарантиран медал, поради тие два настапа.

Сепак, и за него важи правилото дека медал може да добие, но не и да си го запише освојувањето во своето CV.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Фудбал

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more
 

Спорт

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе