BMW XM изненади на „тестот за избегнување лос“

Еден од најтешките модели во областа на патничките автомобили изненади на т.н. тест за избегнување лос (moose test).

Шпанскиот вебсајт km// го донесе на тест BMW XM, првиот самостоен M модел, но и најтешкиот BMW во продажба со 2.800 кг. Тоа е „чудовиштето“ кое го привлекува вниманието со своите огромни димензии, но и со својата моќ. Сето тоа спакувано на четири тркала мора да биде и динамично убедливо.

Очекувано, XM падна на тестот за избегнување лос при 77 км/час. Не беа ништо подобри ни поспортските модели. Но, затоа XM ја заврши работата при 74 км/час, а тест-возачот нагласи дека и по губењето на влечната сила, XM се однесува многу предвидливо и никогаш не влегува во доменот на опасен маневар.

„Сè на сè, реакциите не се разликуваа многу од оние опишани во другите обиди: малку занесување, чисти и релативно брзи движења и високо чувство на сигурност“, изјавува водителот.

„Морам да признаам дека згрешив за првиот впечаток што го добив по првиот обид, реков дека ќе ми биде потешко да поминам меѓу конусите, но вистината е дека беше прилично лесно.“

XM се покажа особено во возењето во слалом. Тестната патека ја заврши за 22,9 секунди, што е побрзо од забележително помалиот и полесен Audi RS3 Sportback. Впрочем, може да се заклучи дека во однос на динамиката на возење, BMW не разочара.

Remote video URL
Тагови
реклама

Авто новости

Почна производството на електричниот Porsche Macan, целта е 20.000 примероци за една година

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Renault Rafale E-Tech 4×4 развива 300 КС

Read more

Како Кинезите им удрија шамар на Американците?

Read more
 

Автомобили

  • filter

Почна производството на електричниот Porsche Macan, целта е 20.000 примероци за една година

Читај повеќе
  • play_arrow

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Читај повеќе
  • filter

Renault Rafale E-Tech 4×4 развива 300 КС

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Како Кинезите им удрија шамар на Американците?

Читај повеќе
  • play_arrow

„Мистериозниот“ Golf GTI ќе дебитира на Нирбургринг

Читај повеќе

Како да препознаете дека акумулаторот слабее?

Читај повеќе

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Читај повеќе

Шоферска дилема: Колку често треба да се менува филтерот за воздух?

Читај повеќе
  • play_arrow

Tesla ги чува непродадените возила на паркинг во трговски центар

Читај повеќе