Бобан ја напушти УЕФА затоа што Чеферин мести нов мандат

Макфакс/Кајгана
/ 25.01.2024 / 11:36

Поранешниот југословенски и хрватски фудбалер Звонимир Бобан повеќе не е функционер на УЕФА, откако реши да ја напушти функцијата.

Хрватот ја извршуваше функцијата прв човек на фудбалот во УЕФА од 2021 година, кога на таа функција беше назначен на лично инсистирање на претседателот на европската куќа на фудбалот, Александер Чеферин.

УЕФА излезе со соопштение во врска со неговото заминување.

„УЕФА сака да го објави консензуалното заминување на Звонимир Бобан од организацијата. Бобан ѝ се приклучи на организацијата во 2021 година како шеф на фудбалот и иницираше неколку значајни проекти во техничкиот развој, вклучувајќи го и формирањето на Фудбалскиот одбор на УЕФА и Младинскиот фудбалски форум. УЕФА сака да му се заблагодари на Бобан за неговата посветена услуга и му посакува многу среќа во неговите понатамошни потфати во кариерата“, се вели во краткото соопштение на УЕФА.

Од друга страна, Бобан во отворено писмо истакна дека поднел оставка од функцијата поради несогласувања со првиот човек на Европската фудбалска унија, Александер Чеферин.

„Зборував со претседателот на УЕФА за проблемот што се случи за време на последниот состанок на Извршниот комитет на УЕФА во Хамбург. Станува збор за предлогот за измена на статутот на УЕФА за да му се дозволи на Чеферин, на следниот конгрес на 8 февруари во Париз нова кандидатура по овој мандат, кој требаше да му биде последен.

Парадоксално, во 2017 година, токму Чеферин предложи и иницираше пакет реформи кои требаше да ги заштитат УЕФА и европскиот фудбал од 'лошиот менаџмент' што беше 'modus operandi' на стариот, корумпиран и веќе обвинет систем толку пати. Главните две точки на реформите беа дека ниту претседателот ниту членовите на Извршниот одбор не можат да се кандидираат за функција повеќе од три пати (12 години) и беше воведена старосната граница од 70 години за сите членови на Извршниот одбор.

Во овие три години односот и соработката со Александер и сите мои колеги во УЕФА беа одлични – им благодарам за тоа, им посакувам сѐ најдобро.

Жал ми е и тажен сум, но ја напуштам УЕФА“, стои во писмото на поранешниот фудбалер на Динамо и Милан.

реклама

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Еден од најактивните вулкани во светот исфрла злато во вредност од 6.000 долари секој ден

Read more

Фудбал

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Read more

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Read more

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Read more

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more
 

Спорт

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе

Лазаров го објави списокот на ракометари за баражот против Фарски Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Читај повеќе

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Читај повеќе
  • play_arrow

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Читај повеќе

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Читај повеќе
  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе