Боксинг деј е тука: По Мундијалот, конечно ќе гледаме клупски фудбал

Англискиот фудбал по многу нешта се разликува од другите лиги во светот, а она што го прави единствен е познатиот Боксинг деј и натпреварите кои се играат на тој ден.

Традиција е повеќе од 120 години англиските клубови да играат првенствени натпревари ден по Божиќ, со што се одбележуваат празниците.

Денеска, ден по Божиќ, ќе се играат натпревари во англиските лиги, а Премиер лигата ќе го одбројува своето 17. коло и воедно прво по завршувањето на Светското првенство во Катар.

Традицијата да се играат натпревари во англиските лиги ден по Божиќ датира од 19 век, а покрај неодамнешните поплаки дека играчите се премногу уморни поради натпреварите за време на празниците, на Англичаните ќе им биде тешко да ја елиминираат таквата практика, дури и во оваа ситуација.

Неколку теории се поврзани со постоењето на Боксинг деј, а најзборуваната е дека тоа е првиот ден по Божиќ кога богатите Англичани им давале подароци на своите слуги.

Дел од традицијата е дека билетите на Боксинг деј се поевтини за да можат да си ги дозволат што е можно повеќе луѓе, а исто така се вели дека сопствениците на годишни билети честопати ги подаруваат билетите на овој ден.

Сепак, Боксинг деј не е крај на спектаклот и празничната атмосфера на стадионите во Англија. По денешниот ден, натпревари се играат во вторник и среда, а новото коло започнува веќе во петок и ќе се игра на Нова година и првиот ден од 2023 година.

Распоред на 17. коло:

- понеделник

Брантфорд - Тотенхем (13:30 ч.)

Кристал Палас - Фулам (16 ч.)

Евертон - Вулфс (16 ч.)

Лестер - Њукасл (16 ч.)

Саутемптон - Брајтон (16 ч.)

Астон Вила - Ливерпул (18:30 ч.)

Арсенал - Вест Хем (21 часот)

-вторник

Челзи - Борнмут (18:30 часот)

Манчестер Јунајтед - Нотингем Форест (21 часот)

-среда

Лидс - Манчестер Сити (21 часот)

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Фудбал

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Read more

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Read more

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Read more

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Читај повеќе

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Читај повеќе

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Читај повеќе
  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе