ФОРМУЛА 1 2022

Болидот на Ред Бул сè уште потежок за 10 килограми

Ф1
Ф.З.
/ 31.03.2022 / 10:51

Советникот на Ред Бул Рејсинг, Хелмут Марко, тврди дека болидот на возачите Макс Верстапен и Серхио Перес и натаму тежи 10 килограми повеќе во однос на минималната дозволена тежина пропишана со правилата.

Според правилата на Формула 1 за 2022 година, првично минималната тежина на болидот требаше да биде 795 килограми, но по жалбите на девет од десет тима, минималната тежина беше зголемена на 798 килограми. Болидите на Алфа Ромео се блиску до границата, но многу тимови сѐ уште се далеку од тоа.

Проблемот со тежината е резултат на новите правила. Тимовите мораа да дизајнираат целосно нови болиди за 2022 година, земајќи го предвид буџетскиот лимит. Затоа, тие мораа да донесат паметни одлуки кога се парите во прашање, а во исто време да го развијат најбрзиот можен автомобил. Сепак, овие финансиски ограничувања имаа негативно влијание врз тежината на автомобилот.

Меѓу болидите кои имаат проблем со вишокот килограми е и новиот болид на Ред Бул, а за да биде полесен потребни се многу пари. Така барем тврди Хелмут Марко, кој наведува дека поскапите материјали би го направиле автомобилот полесен. Целта на Ред Бул е да ги комбинира надградбите со полесни материјали. Дизајнирањето полесен материјал и подобрувањето на таа компонента е двојна задача, но со буџетските ограничувања тоа повеќе не е можна мисија за тимовите.

На Ред Бул му треба полесен материјал бидејќи овогодинешните RB18 болиди имаат 10 килограми вишок. На патека како онаа во Саудиска Арабија, прекумерната тежина прави разлика помеѓу три и пол и четири десетинки. Сепак, Ред Бул не е единствениот тим со болид со прекумерна тежина, така што конкурентите сепак немаат толку голема предност.

Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Ф1

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Read more

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Read more

Верстапен победи во Кина, Норис втор, Перес трет

Read more

Верстапен на пол-позицијата во Кина, Хамилтон ќе стартува од 18. место

Read more
 

Спорт

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе