Бразилски фудбалер ја пробал исхраната на Роналдо: Мислев дека ќе умрам

Играчот на Палмејрас помислил дека за да стане добар играч налик на Кристијано Роналдо доволно е да следи сличен начин на исхрана како Португалецот. Ефектите ги оцени како катастрофални.

Одамна се знае дека Кристијано Роналдо многу внимание посветува на својата исхрана. Редовните тренинзи и посветеноста не би имале таков ефект без правилна и здрава исхрана. Во една прилика еден негов поранешен соиграч од Јувентус рече: „Секогаш истото. Брокула, пилешко и ориз. Со литри вода, дефинитивно никако Coca-Cola“.

Сега Роналдо игра во Саудиска Арабија, а неговото тело е исто. На другата страна на светот, во Бразил, играчот на Палмејрас, Габриел Менину, решил да ја проба диетата на Роналдо во обид да си ги подобри перформансите. Сега има 22 години, а диетата ја следел пред три години кога бил разочаран од тоа што бил трета опција на неговата позиција во средниот ред кај тогашниот тренер Абел Ферејра.

Почнал со она што успеал да го дознае за диетата на Роналдо: јајце и суплементи за појадок, повторно суплементи пред тренинг, попладнето и пред спиење, потоа риба или месо на скара со салата за ручек и вечера. Тоа е исхрана пребогата со протеини, но со минимален внес на шеќери и масти и целосна забрана за газирани и алкохолни пијалаци.

„Се загревав и единственото нешто на кое мислев беше: 'Ќе умрам'. Пет минути по почетокот на натпреварот не можев повеќе да трчам, сакав да побарам замена“, раскажува Менину.

За негова среќа еден од соиграчите имал потреба од лекарска интервенција, па Менину прекинот го искористил за да се напие изотоник и да се намачка со гел. Потоа некако го доиграл натпреварот.

Од таа сезона 2020 Менину сега е стандарден играч на Палмејрас, со освоени титули меѓу кои и 2 во Копа Либертадорес и над 140 одиграни натпревари за Палмејрас, а чука и на вратата на бразилската репрезентација. Но, хранејќи се како сите обични смртници, само не како Кристијано Роналдо.

реклама

Олово, кадмиум и арсен се пронајдени во домат и крставица на македонскиот пазар

Read more

Протече нов нацрт договор од СЗО:„Светот мора да се подготви за нова уште посмртоносна пандемија“

Read more

Трагична несреќа кај Штип со три загинати лица

Read more

Цели семејства од Македонија одат на сезонска работа во Хрватска

Read more

Фудбал

Чави ги сака Кимих и Караско во Барселона

Read more

Бербатов: Дарко Панчев ми беше идол

Read more

Милевски: Во денешниот фудбал нема апсолутни аутсајдери

Read more

Модриќ добил понуда што не се одбива, се сели во Саудиска Арабија

Read more
 

Спорт

Чави ги сака Кимих и Караско во Барселона

Читај повеќе

Бербатов: Дарко Панчев ми беше идол

Читај повеќе

Милевски: Во денешниот фудбал нема апсолутни аутсајдери

Читај повеќе

Модриќ добил понуда што не се одбива, се сели во Саудиска Арабија

Читај повеќе
  • play_arrow

Ландо Норис ја испроба игрицата F1 2023 и заврши последен

Читај повеќе

Академија Пандев се ребрендира во Брера Струмица

Читај повеќе

Јунајтед ќе му плати на Мегваер за да го напушти клубот

Читај повеќе

Милевски повика 29 фудбалери за дуелите со Украина и Англија

Читај повеќе

Мурињо му направи заседа на судијата на паркинг: Ти си е*ана срамота

Читај повеќе