Бразилски фудбалер загина на натпревар, го усмртил противник

Невидена трагедија го погоди бразилскиот фудбал откако за време на натпревар загина фудбалерот Жеовани Бјаншу.

Играчот кој настапувал во аматерските лиги на бразилскиот фудбал имал 42 години и доживеал удар во градите на пријателски натпревар во дресот на неговиот Културал Ториненси против Испорчиву Рекреативу, по што полицијата уапсила 21-годишен фудбалер чиј идентитет сѐ уште не е откриен.

Локалните медиуми јавуваат дека споменатиот фудбалер тотално полудел при една мешаница, по што во скок го удрил Бјаншу. Искусниот фудбалер бил пренесен во болница, но веднаш починал.

Бјаншу ги остави сопругата и тригодишниот син. Настанот се случил во близина на градот Карлус Барбоза во јужниот дел на Бразил.

URL

Сведок ѝ рекол на полицијата дека Бјаншу се скарал со противнички играч откако направил фаул, а потоа налетал трет играч кој силно го удрил и ја предизвикал неговата смрт.

„Мислевме дека ќе раздели двајцата, од кои едниот беше жртвата, но наместо тоа тој му зададе удар во скок“, рекол сведокот.

Приведениот 21-годишник го признал нападот, но тврди дека „ја изгубил главата“ во моменти на лудило и бил пуштен да се брани додека се чека истрага бидејќи не бил фатен на дело.

Тагови
реклама

Фудбал

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Read more

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Read more

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Read more

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

На Дончиќ не му одеше шутот, Далас го загуби првиот дуел од Оклахома

Читај повеќе
  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе