Изминативе неколку дена на големо се пишуваше дека хрватскиот репрезентативец е главна трансфер цел на каталонскиот клуб во зимскиот преоден рок.

Шпанските и италијанските медиуми шпекулираа дека Барселона е подготвена на Интер да му понуди трампа во која 26-годишниот Франк Кесие би го донела назад во Милано (во Барса дојде од Милан), а 30-годишниот Брозовиќ на „Камп Ноу“.
Сепак, денеска се огласи агентот на Марцело Брозовиќ кој откри дека неговиот клиент нема намера да си замине од Милано.
„Марцело останува во Интер бидејќи го сака тој клуб“, кратко изјави агентот на Хрватот за италијанските медиуми.
По ваквата изјава јасно е дека до трампата нема да дојде. Шпанските медиуми наведуваат дека наводно Чави Ернандес, тренерот на Барса, бил тој што инсистирал Брозовиќ да дојде во Каталонија, бидејќи со својата борбена игра и неуморливост одлично би се вклопил во неговата тактика.
Интер со трампата ќе добиеше 4 години помлад играч, но и играч кој според квалитетот не е на нивото на Хрватот. Кесие наводно сакал да се врати во Серија А, но синоќа и извршниот директор на Интер, Бепе Марота, категорично демантираше дерка „Нераѕурите“ сакаат таква размена. Така, Кесие евентуалното враќање на Чизмата ќе треба да го направи во друг тим, а Чави да си бара друго засилување.
Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска во Барса е од летоска кога како слободен играч премина од редовите на Милан, но не се снајде во Ла Лига каде учествуваше на само 8 натпревари, од кои само на 3 беше стартер.
Брозовиќ во Серија А сезонава има само два настапа повеќе од Кесие, но тој отсуствуваше поради повреда. Инаку е стандарден првотимец.