Бруталната Netflix серија за канибалот од Милвоки ги руши сите рекорди на гледаност

Серијата за канибалот од Милвоки стана една од најгледаните на Netflix.

„Monster: The Jeffrey Dahmer Story“ со Еван Питерс во главната улога на злогласниот американски сериски убиец Џефри Дамер, беше објавена на 21 септември и очигледно има невиден ефект врз гледачите.

За само две недели, серијата стана деветта најпопуларна ТВ-серија на англиски јазик на Netflix на сите времиња .

Досега се изгледани 496,1 милиони часа од серијата „Monster“, а најмалку 56 милиони корисници ги гледале сите 10 епизоди, според Variety.

Netflix ја мери популарноста на серијата со пресметување на часовите гледани во првите 28 дена од објавувањето. „Monster: The Jeffrey Dahmer Story“ има уште малку повеќе од две недели да собере повеќе прегледи што ќе се бројат.

Продолжението на текстот содржи спојлери

Приказната го реконструира животот и злосторствата на еден човек кој дрогирал, силувал и искасапил 17 млади мажи, од кои повеќето Афроамериканци. На некои од нив извршил и некрофилни дејствија и изел делови од нивните тела.

Прикажани се и некои брутални сцени што вознемирија некои гледачи, како онаа во која Дамер храни жена со сендвич со човечко месо, како и презентација на неговиот метод на намамување на жртвата, онесвестување и вршење грозоморни дејствија врз нив.

Дамер беше уапсен во 1991 година и осуден на 16 доживотни затворски казни за убиство и распарчување на 17 мажи и момчиња помеѓу 1978 и 1991 година.

Дамер бил убиен во затвор од затвореник на 28 ноември 1994 година.

реклама

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Почна сезоната на бозел: Со едноставен рецепт направете сок од оваа лековита билка

Read more

Филм & ТВ

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Read more

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Read more
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе

Ар Кели осуден на уште 20 години затвор за сексуално злоставување деца

Читај повеќе
  • play_arrow

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Читај повеќе

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Читај повеќе

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Читај повеќе
  • filter
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе