УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2021/22

Буфон го брани Донарума: Во Италија тоа ќе беше фаул

Италијанската голманска легенда Џиџи Буфон застана во одбрана на својот имењак кој имаше непријатна епизода против Реал и од многумина е посочуван како главен виновник за елиминацијата на ПСЖ.

Џанлуиџи Донарума му кумуваше на израмнувачкиот гол на Реал кој го постигна Карим Бензема, гол по кој „Кралевите“ добија сила и со уште два гола го исфрлија ПСЖ од Лигата на шампионите. За многумина главниот виновник е токму поранешниот голман на Милан кој при првиот гол ја изгуби топката во дуел со Бензема.

Во негова одбрана се јави Џанлуиџи Буфон, легендата на италијанскиот фудбал кој денес на свои 43 години настапува за второлигашот Парма, заедно со нашиот Горан Пандев.

„Грешки како оваа се корисни за развојот, тие се дел од развојниот процес и сигурен сум дека нема да има негативни последици бидејќи Донарума веќе докажа дека има сила да надмине тешки моменти“, зборуваше Буфон за Il Corriere dello Sport.

„Тој е премногу добар за да му влијае сето ова. Џиџо е еден од најдобрите голмани во светот, еден од топ 3 заедно со Тибо Куртоа и Мануел Нојер“.

Начинот на кој Бензема му ја одзеде топката на Донарума и натаму е предмет на многу полемики: дали беше фаул или не? И претседателот и спортскиот директор на ПСЖ, Насер Ал-Хелајфи и Леонардо, беа бесни на судиската одлука. И стратегот на ПСЖ, Маурисио Почетино, по натпреварот се жалеше дека стартот на Бензема бил чист фаул.

„Сакам да бидам многу искрен: тоа ќе беше чист фаул во Италија. Можеби после ВАР проверка. Како голман, јас ќе збеснев. Од друга страна, играчите на Реал Мадрид ќе збеснеа доколку судијата свиреше фаул“, смета Буфон.

„Можам да додадам дека Џиџо има уште многу што да даде. Тоа е грешка која може да ја доведе во прашање вредноста на играчот. Една до две грешки по сезона се психолошки“, додава тој.

Ширум интернетот навивачи на Милан му се ситеа на Донарума за голот бидејќи според нив тој го предаде миланскиот гигант со тоа што одби нов договор и како слободен играч летоска замина во Пари Сен-Жермен.

„Џиџо направи непопуларен потег, кој сепак мора да се почитува. Сакаше да ги подгрее неговите амбиции, нешто што на многумина не им се допадна. Тоа се истите луѓе кој едвај чекаа негова грешка. Проблемот не е во Французите кои се ситат, туку во Италијанците кои едвај чекаа тоа да се случи“, вели поранешната единица на италијанската репрезентација.

реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Read more

Фудбал

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more

Меси повторно растура!

Read more

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе