Бугарскиот претседател бара итна и безусловна оставка од Борисов

Софија, 17 август 2020 (МИА) – Бугарскиот претседател Румен Радев денеска побара премиерот Бојко Борисов веднаш да поднесе безусловна оставка, јави БГНЕС.

„Предлозите на премиерот не треба воопшто да се коментираат. Ги повикувам сите оние кои се грижат за иднината на Бугарија да не паднат во стапицата на Борисов“, рече Радев, при неговата посета на крајбрежниот град Варна.

По пристигнувањето на Радев во Варна, дошло до мал судир меѓу приврзаниците на владејачката партија и демонстрантите против владата. Полицијата интервенирала и ги раздвои луѓето.

„Вие ја браните државноста во Бугарија“, им им се обрати претседателот на насобраните антивладини демонстранти.

„На премиерот очигледно не му се допаѓа како ја уништи земјата во последните 10 години и сака да му дадеме можност повторно да ја уништи. Тој сака да ја земе целата земја како заложник за негово сопствено опстојување на функцијата“, рече Радев.

Според шефот на бугарската држава, целта на Борисов е „молк, корупција, беззаконие, административно рекетирање“.

„Ваквата тешка криза на доверба не може да се лекува со Големото национално собрание, туку со оставка“, категоричен е Радев, кој истакна дека Парламентот ја исцрпел легитимноста и довербата.

„Тоа треба да биде на дневен ред, една единстствена точка – итна и безусловна оставка“, изјави Радев.

Бугарскиот премиер Бојко Борисов изјави денеска дека по барањето за свикување на седница на Големото национално собрание и промена на уставот, треба да се преземе следниот чекор.

Тој рече во видеопорака објавена на неговиот Facebook дека целта е да им се даде на граѓаните право да избираат и да донесуваат одлуки. „Контактиравме со коалиционите партнери и побаравме состаноци. Сфатив дека тие исто така имаат предлози. Дозволете ни да не поддржат во ова. На 2 септември треба да влеземе со 120 потписи“, рече Борисов.

Како што изјави тој, единствената цел на неговата партија ГЕРБ е да им даде на луѓето право на глас.

„Ние сме обвинети дека не сме легитимни. Имавме избори двапати минатата година и досега ниту една агенција не покажа дека ГЕРБ не е прва политичка сила“, рече Борисов.

Шефицата на пратеничката група на ГЕРБ Даниела Дариткова денеска го депонираше нацрт-уставот во Народното собрание. Документот е испратени до шефовите на сите пратенички групи во парламентот и пратениците, соопшти прес центарот на партијата. ГЕРБ ги повикува на разговори и консултации за предложениот нацрт-устав сите парламентарни групи со цел да биде постигната широка согласност меѓу народните претставници за свикување на Големото народно собрание.

Предлогот за нов Устав или за изменување и дополнување на сегашниот, како и за измени на територијата на земјата според законот се разгледува од Националното собрание не порано од два месеци, а не подоцна од пет месеци по неговото доставување.

Борисов претходно рече дека ќе поднесе оставка ако Парламентот го одобри неговиот план да распише избори за Големото национално собрание, со цел промена на Уставот.

реклама

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more

5 знаци дека вашиот црн дроб се опоравил од алкохолот

Read more

Голем неделен хороскоп од 13 до 19 мај според руски астролог

Read more

Регион

Српската полиција критикувана за случајот Данка: Ова е сериозен скандал

Read more

Радев: Набргу ќе се знае дали ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска ќе работат за европската перспектива на Скопје

Read more

ДНК на малата Данка не била пронајдена на автомобилот со кој била удрена

Read more

Драма на небото над Трст: забележана несекојдневна појава

Read more
 

Вести

Американците ќе го кренат во воздух мостот во кој удри огромниот брод

Читај повеќе

Украина: Соборивме руски борбен авион

Читај повеќе

Претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе

ЈП Паркови и зеленило: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на објектот

Читај повеќе

Книжевна средба со авторките Калиа Димитрова и Ивана Јовановска во „Илика“

Читај повеќе

Падна Шојгу: Дали пука фасадата на Путин?

Читај повеќе

Битолчанец фатен со стари монети, дел од културно наследство

Читај повеќе

Со четирицикл излетале во провалија на Шар Планина

Читај повеќе

На сила го внеле во возило и му украле накит и 2.500 евра

Читај повеќе