1.МФЛ 2019/20

Цел тим на Македонија ЃП негативен на COVID-19

Фудбалскиот клуб Македонија ЃП е првиот спортски колектив во земјава кој направи масовно тестирање при што сите играчи и вработени излегоа негативни на коронавирусот.

Со помош на Синдикатот на фудбалери на Македонија клубот од скопската населба Ѓорче Петров ги тестираше сите вработени вклучувајќи го и играчкиот кадар. Сите до еден покажале ист резултат, односно негативни на присуство на COVID-19. Теститирањето беше во целост на трошок на СФК, кој ги повикува и останатите клубови да го следат примерот на „Лавовите“. Сега овој клуб може слободно да почне со тренинзи.

„Денес ги добивме резултатите од првиот фудбалски (воопшто спортски) клуб во Македонија кој што направи тестирање на COVID-19 .
Фудбалерите, стручниот штаб и сите луѓе кои што работат во ФК Македонија Ѓорче Петров се негативни на тестот. Во текот на тековната и следната недела очекуваме и сите други клубови да нѐ контактираат и побараат тестирање на своите играчи. Со напомена дека комплетните трошоци околу тестирањето ги покрива Синдикатот на Фудбалери на Македонија.
Одважете се и тестирајте се за доброто на сите.
Спортски поздрав“, стои во објавата на СФМ.

Фудбалската сезона во најквалитетната македонска фудбалска лига сѐ уште не се знае кога и дали ќе продолжи. Во случај на реактивација, сите фудбалери од десетте клубови ќе треба да приложат доказ дека не се заразени со проблематичниот вирус.

ФФМ и прволигашите во понеделникот одржаа состанок на отворено на кој се дискутираше за можните варијанти околу доигрувањето на сезоната, како и можен прекин, а дефинитивна одлука треба допрва да биде донесена.

реклама

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Read more

Каков нов симбол се појави на руските тенкови?

Read more

Фудбал

Како пензионираниот Азар уште ја полни касата на бившиот клуб?

Read more

Голем удар за Аѕурите: Ѕаниоло го пропушта ЕУРО

Read more

Пензионерот Ибра уште држи лекции по фудбал

Read more

Кога ќе се знае судбината на Модриќ во Реал?

Read more
 

Спорт

Informer: Ѓоковиќ тајно примен на Ургентен во Белград

Читај повеќе

Како пензионираниот Азар уште ја полни касата на бившиот клуб?

Читај повеќе

Голем удар за Аѕурите: Ѕаниоло го пропушта ЕУРО

Читај повеќе
  • play_arrow

Пензионерот Ибра уште држи лекции по фудбал

Читај повеќе

Кога ќе се знае судбината на Модриќ во Реал?

Читај повеќе
  • play_arrow

Невролог ја анализира бизарната повреда на Ѓоковиќ: Колку ќе му се одрази на играта?

Читај повеќе

Кимпембе објави шокантна фотка од повредата на Ахиловата тетива

Читај повеќе

Рафаел Варан заминува од Манчестер Јунајтед

Читај повеќе

Серхио Рамос се сели преку океанот

Читај повеќе