Цените на нафтата над 84 долари, се чекаат вести од САД

Цените на нафтата се задржаа на меѓународните пазари блиску до нивото од 84 долари во очекување на раст на каматните стапки во САД и во еврозоната, а на нив натежнаа и навестувањата за стабилна понуда од Русија.

На лондонскиот пазар цената на барелот со датуми на испорака во март беше за 58 центи пониска од вчерашното затворање и изнесуваше 84,32 долари. Поактивно се тргуваше со барели со датум на испорака во април, чија цена беше повисока за 24 центи и изнесуваше 84,74 долари. На американскиот пазар цената на барелот се зголеми за 22 центи, на 78,12 долари.

Во фокусот на пазарот оваа недела се состаноците на централната банка на САД и Европската централна банка (ЕЦБ), кои треба повторно да ги зголемат каматните стапки за да го запрат силниот раст на потрошувачките цени.

Инвеститорите очекуваат ФЕД да ги зголеми каматните стапки за четвртина в среда, на крајот на дводневната сесија, а ЕЦБ за половина процентен поен в четврток.

Пазарите стравуваат дека заострувањето на монетарната политика уште повеќе ќе го забави економскиот раст, што би значело и послаба побарувачка за енергетски производи.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Бизнис

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Read more

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Read more

Tesla и Apple помогнаа за растот на Волстрит

Read more

Зошто ЕУ сè уште купува руски гас?

Read more
 

Вести

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Читај повеќе

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Читај повеќе

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Читај повеќе

ВЛЕН: Влада и Бадентер да, но без ДУИ

Читај повеќе

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Читај повеќе

Празнично ретро шоу на олдтајмери во Крива Паланка

Читај повеќе

Во Швајцарија се водат мировни преговори за Украина, Русите не доаѓаат

Читај повеќе

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Читај повеќе

Екстремната десница во Австрија брутално расте, се спомнува „излегување од лудилото на ЕУ“

Читај повеќе