Чави е новиот тренер на Барселона

Чави Ернандес е новиот тренер на Барселона, потврди неговиот поранешен клуб Ал Сад на Твитер, Шпанецот се враќа дома.

„Управата го договори преминувањето во Барселона, која ја плати отштетната клаузула. Договорена е соработка во иднина, а на Чави му посакуваме многу успеси. Пред два дена нè извести дека сака да замине во Барселона, која е во криза. Имаме разбирање и не сакаме да му правиме проблеми. Тој и неговото семејство секогаш ќе бидат добредојдени во Доха“, изјави Турки Ал Али, спортски директор на Ал Сад.

Чави вчера со брат му и агентот во Доха се сретна со претставници на Барселона, со кои ги договори последните детали за враќањето на Камп Ноу. Денеска беше и кај претседателот на Ал Сад, Мохамед бин Калифа Ал Тани со кој се збогува и му се заблагодари за сè досега.

Ал Сад изминатите денови ги одолговлекуваше преговорите со Барселона, но договорот конечно е постигнат и легендата на Барселона се враќа на Ноу Камп, во тимот со кој како фудбалер освои 25 трофеи.

Чави на клупата на Барселона доаѓа на местото на Холанѓанецот Роналд Куман, кој минатиот месец доби отказ по серијата слаби резултати. 

URL
реклама

Фудбал

Парма се врати во Серија А

Read more

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Read more

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Read more

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Дончиќ повреден го предводеше Далас до голема победа, по мечот едвај одеше

Читај повеќе

Парма се врати во Серија А

Читај повеќе
  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе