Чеферин фалсификувал документи, тврдат словенечки медиуми

Словенечки медиуми тврдат дека претседателот на УЕФА, Александер Чеферин ја фалсификувал неговата биографија, и врз основа на тоа станал на чело на европската куќа на фудбалот.

Чеферин наводно фалсификувал документи и претставил дека бил член на Управниот одбор на Олимпија помеѓу 2006 и 2011 година, информации кои биле неопходни за да може да се кандидира за претседател на УЕФА.

Според документацијата до која дојде словенечкиот портал Prava.si, Чеферин никогаш не бил член на управата на Олимпија во периодот од 2006 до 2011 година, како што наведува во својата работна биографија.

„Почитувана заинтересирана светска фудбалска јавност, во нашиот медиум Prava.si уште еднаш ќе ги презентираме клучните докази за случајот со лажењето на претседателот на УЕФА, Александер Чеферин. Во неговото официјално CV на официјалните страници на НЗС (Фудбалската федерација на Словенија) и УЕФА пишува дека бил член на одборот на директори на ФК Олимпија/Бежиград од 2006 до 2011 година. Сепак, авторот на оваа статија веќе откри на 5 февруари 2021 година дека Александер Чеферин лажел! А доказите веројатно ги изнесе малку ‘на свој начин’. Меѓутоа, откако го добивме записникот на Олимпија од 2006 до 2011 година, брзо сфативме дека името на Александер Чеферин не стои на ниту еден официјален документ! Каде е НЗС, полицијата, обвинителството, судството!?“, пишува порталот Prava.si кој ги објави документите до кои дојде.

Чеферин неодамна по третпат по ред беше избран за претседател на УЕФА и на оваа функција ќе биде до 2027 година.

Словенецот сè уште не реагирал на овие обвинувања кои би можело да го доведат во неволја. Истото важи и за споменатиот портал доколку се докаже дека нивните тврдења се неточни.

реклама

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Три намирници што ги зачепуваат артериите

Read more

Фудбал

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Read more

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Read more

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Read more

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more
 

Спорт

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе

Лазаров го објави списокот на ракометари за баражот против Фарски Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Читај повеќе

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Читај повеќе
  • play_arrow

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Читај повеќе

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Читај повеќе
  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе