Чеферин: Ќе имаат прекрасна Суперлига со два клуба

Александер Чеферин, претседателот на УЕФА, се огласи по повод одлуката на Европскиот суд на правдата во врска со европската Суперлига.

Судот на ЕУ во образложението на пресудата истакна дека ФИФА и УЕФА на незаконски начин го блокирале формирањето на натпреварувањето.

Чеферин се огласи со ироничен коментар.

„Можат да прават што сакаат. Се надевам дека ќе имаат прекрасно натпреварување со само два клуба. Се смеам… Овој систем што го претставија денес е уште поблизок до оној претставен во 2021 година кој беше отфрлен од сите во фудбалот“, вели Чеферин.

Тој исто така додаде дека одлуката на Судот во основа е позитивна, односно дека тоа не значи дека новото натпреварување ќе биде формирано.

„Одлуката ја гледаме како можност за подобрување на некои правила. Фудбалот останува обединет и затоа сите заинтересирани страни зборуваат заедно. Постои силен контраст помеѓу соопштението на Европскиот суд и самата пресуда. Пресудата е навистина позитивна“, додаде Чеферин.

Тој имаше порака и за шпанските гиганти Реал и Барселона кои се носители на проектот.

„Не сум сигурен дека Реал и Барселона знаат што прават. Фудбалот не е на продажба“, додаде првиот човек на УЕФА.

реклама

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Три намирници што ги зачепуваат артериите

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Фудбал

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Read more

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Read more

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Read more

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more
 

Спорт

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе

Лазаров го објави списокот на ракометари за баражот против Фарски Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Читај повеќе

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Читај повеќе
  • play_arrow

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Читај повеќе

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Читај повеќе
  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе