Чеферин: Ни понудија мито од 3,5 милијарди евра

Претседателот на УЕФА Александер Чеферин гостуваше на HTV и откри некои детали за контроверзната Суперлига.

„Знаев дека морам да настапам што поагресивно бидејќи моравме да ја укинеме Суперлигата за 48 часа или можеби би имале шанса да им успее. Бев сигурен дека се бориме за вистинската работа. Тие луѓе се милијардери, знаев дека или ќе паднеме или ќе ја срушиме Суперлигата. Имавме и закани и поддршка. Не спиев тие 48 часа, ниту јадев, ниту пиев, но се исплатеше“, вели Чеферин.

Тој за Суперлигата дознал од неговиот близок соработник Звонимир Бобан.

„Заедно патувавме во Швајцарија кога се случуваше тоа. Тој беше многу позитивен, не плачеше и кудеше дека ќе изгубиме сè и ќе ни пропадне фудбалот. Наместо тоа ми рече: Ајде да се кладиме на вечера дека ќе ги срушиш за два дена“, изјави Чеферин.

Словенецот откри како сопствениците на некои клубови му понудиле соработка.

„Ме повикаа некои клубови и ми кажуваа дека ќе се приклучат на Суперлигата за да бидат наши пријатели и да ни даваат информации. Им реков дека ако го направат тоа, во истиот момент, ќе бидат мои непријатели. Тоа е војна“.

Чеферин е убеден дека веќе никому нема да му падне на памет да формира Суперлига ниту таков сличен проект.

„Кога заврши сè, добив повик од еден човек кој сакаше да се формира Суперлигата. Ми рече дека може да ни дадат три и пол милијарди евра за да дозволиме да се формира. Му одговорив дека некој од нас двајца е луд, или тој или јас. Оттогаш никој не ме побара. Во наредните 10 години најмалку никој нема да го спомене ова“, заклучи Чеферин.

реклама

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Три намирници што ги зачепуваат артериите

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Фудбал

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Read more

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Read more

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Read more

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more
 

Спорт

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе

Лазаров го објави списокот на ракометари за баражот против Фарски Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Читај повеќе

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Читај повеќе
  • play_arrow

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Читај повеќе

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Читај повеќе
  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе