Чеферин: Правилото за играње со рака е проблем - никој не го разбира

Претседателот на УЕФА проговори на што во наредниот период европската куќа на фудбалот ќе посвети најмногу внимание, а тоа е правилото за играње со рака.

„Дефинитивно правилото за играње со рака е најголемиот проблем. Неодамна разговарав со Пеп Гуардиола и тој ми рече дека повеќе не го разбира тоа правило. И тоа ме направи среќен, бидејќи, всушност никој не го разбира. Затоа во текот на април ќе формираме група на чие чело ќе биде Звонимир Бобан, а во неа ќе бидат вклучени најголемите фудбалски имиња, поранешни и сегашни играчи и тренери, кои ќе се занимаваат со овие и слични проблеми во играта. Но, играњето со рака стана целосно нејасна, никој веќе не разбира што е рака, а што не, судиите понекогаш ги казнуваат играчите за нешто за што не се виновни. Фудбалот мора да биде јасен и дефиниран дури и за најшироките маси, а тоа е сѐ помалку случај“, вели Александер Чеферин во интервју за словенечка Ekipe SN.

За разлика од правилото за играње со рака, правилото за офсајд е јасно дефинирано. Можеби некои се бунат дека офсајдот често е милиметарски, но кај ова правило постои јасна граница до каде не е офсајд и од каде е офсајд, па макар и милиметри биле во прашање. Кај играњето со рака нема такво нешто и судиите се тие што пресекуваат што е дозволено, а што не е, а тоа е така бидејќи правилото не е јасно дефинирано и остава простор за калкулации.

„Кога станува збор за офсајд, може да се зборува за тоа дали треба да се земе поширок простор за одлука, но овде работите се јасни, се знае што е офсајд. Додека кај играта со рака ништо не е јасно. Треба да знаете дали е пенал ако некој од два метра со цела сила ви ја шутне топката в рака, дали е пенал ако топката се одбие од бутот во вашата рака, не може да биде еднаш да бидфе пенал, а друг пат да не биде. За ова ќе разговараме сериозно и веќе разговараме, тоа е тема која ќе биде многу важна во наредниот период“.

Словенецот на чело на УЕФА зборуваше и за суспензијата на Русија. Иако неодамна Русија одлучи сепак да не се пресели во Азија во надеж дека УЕФА ќе ја тргне забраната за натпреварување, Чеферин категорично кажа дека такво нешто нема да се случи додека трае војната.

„Веќе кажав дека ми е жал за руските спортисти, тие не се виновно за она што се случува во Украина. Меѓутоа, сѐ додека ситуацијата е ваква, додека трае војната во Украина, нема да има разговори на таа тема. Ова е еден вид на притисок врз Русија и ние од тоа нема да се откажеме“, рече Чеферин.

Говореше и за проектот за Суперлигата, уште еднаш напоменувајќи дека УЕФА такво нешто нема да дозволи.

„Додека сум на чело на УЕФА најсилните натпреварувања ќе бидат достапни за сите, секој ќе има можност да игра на највисоко ниво. Суперлигата? Таа е мртва, таа приказна е завршена. Тие клубови сѐ уште се трудат, но според мене само се обидуваат да испреговараат нешто со нас и да ја подобрат почетната точка. И всушност, немаме за што да преговараме, што тие баш и не го разбираат. Егото игра голема улога кај овие луѓе, со години се навикнати останатите само да им кимаат со главата, но таа приказна, без сомнение, е завршена. Беше јасно дека никој, всушност, не е за Суперлигата, штета е што воопшто оваа приказна продолжува да се повлекува, а веројатно немаше да се провлекува доколку немаше медиуми“, заврши тој.

Чеферин на чело на УЕФА е од септември 2016 година.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Фудбал

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more
 

Спорт

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе