Четири голови и 2 асистенции за македонските фудбалери во странство

Четири голови и две асистенции забележаа македонските фудбалери кои настапуваат во странство изминатиов викенд.

Албанија
Стружанецот Егзон Белица донесе водство за Партизани на гости кај Фламуртари во 54-тата минута, но само неколку минути подоцна домаќинот се избори за реми. Прв гол сезонава за македонскиот бек.

(на 1:48)

Ерменија
Денис Махмудов во 55-тата минута го постигна победничкиот гол за Пјуник во минималната победа дома над Ширак. Вистински еврогол за Денис, негов петти сезонава.

(на 0:22)

Кипар
Нов гол за Иван Тричковски. Во 13-тата минута со глава му донесе водство на АЕК дома против Докса, а на крајот неговиот тим победи со 2:1. За жал, Тричко се повреди и во 69-тата минута мораше да биде заменет.

(на почеток)

Словачка
Нов гол на Милан Ристовски за Нитра. Овој пат настрада нашиот голман Дејан Илиев чиј тим Серед загуби дома со 0:1 токму благодарение на прекрасниот гол од слободен удар на Ристовски постигнат во 73-тата минута.

Србија
Никола Богдановски во 34-тата минута изнуди пенал за Жарково, а му се запиша како асистенција откако неговиот соиграч успешно го реализираше носејќи водство од 0:2. На крајот неговиот тим победи со 2:4 на гости кај Нови Пазар.

(на 1:46)

Швајцарија
Никола Ѓорѓев запиша нова асистенција, повторно поради одлчично нафрлување. Овој пат му намести гол на Александар Цветковиќ кога нивниот Грасхоперс израмни на гости кај Винтертур. На крајот натпреварот заврши 1:1. Одличлните игри на Ѓорѓев сезонава, 6 асистенции и 5 голови, му донесоа повик во репрезентацијата на Македонија.

(на 2:03)

реклама

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе