Чулев: Ќе преземеме мерки ако се потврди дека „орото“ во Чаир се случило во време на полициски час

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев се обрати до граѓаните преку социјалните мрежи и нагласи дека намалување на бројот на заразени од COVID-19 е возможно само доколку граѓаните се дисциплинирани и ги почитуваат мерките за ограничување на движењето, носат заштитна опрема и се придржуваат кон пропишаната дистанца.

„Во неколку наврати напоменав дека здравјето на граѓаните е најважно и во таа насока Министерството за внатрешни работи ги презема сите неопходни мерки. Во контиутет ги следиме социјалните мрежи, видеа и содржините кои се објавуваат и секаде каде што има основ за постапување, Министерството за внатрешни работи презема соодветни активности.

Во оваа прилика сакам да напоменам дека во конкретниот случај со „орото“ во Чаир, доколку се утврди дека видеото е направено во период кога се на сила одлуките на Владата, односно доколку се потврди неговата автентичност, полициските службеници ќе ги преземат сите мерки со цел соодветно санкционирање на учесниците во истото“, напиша Чулев на Facebook.

Тој понатаму потсети дека на територијата на град Скопје овој викенд Секторот за внатрешни работи од Скопје имаше распоредено вкупно 55 патроли на полициски службеници, а одлуката поврзана со ограничување на движењето со минорни исклучоци се почитува на територијата на целата држава.

„Неоспорен факт е дека заедничка желба на сите нас е состојбата да се нормализира што поскоро и во таа насока апелирам на разумност, одговорност и строго придржување до препораките за заштита на здравјето“, додаде Чулев.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Македонија

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Read more

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Read more

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Read more

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе