COVID-19 е директна причина за смрт кај 9 од 10 од заболените во Италија

COVID-19 е директна причина за смртта кај 9 од 10 од смртните случаи во Италија кои биле позитивни за вирусот, односно 90%, покажуваат податоците на италијанскиот Висок институт за здравство и Националниот институт за статистика (ИСТАТ).

Преостанатите смртни случаи се однесуваат на кардиоваскуларни заболувања (4,6 отсто), тумор (2,4 отсто), респираторни заболувања (еден процент), дијабетес (0,6 отсто), деменција (0,6 отсто) и болестите на дигестивниот систем (0,5 проценти).

Во извештајот се наведува дека COVID-19 може да предизвика смрт дури и кај пациенти кои немаат други здравствени проблеми.

Во 28,2 проценти од случаите, немало други здравствени проблеми, се вели во извештајот на Вишиот институт за здравство и ИСТАТ.

Како што е наведено, 31,3 проценти од смртните случаи заразени со COVID-19 имале друг здравствен проблем, 26,8 отсто имале два, а 13,7 отсто имале три или повеќе проблеми со здравјето.

Во истражувањето биле вклучени 4.942 смртни случаи од COVID-19.

Во Италија од почетокот на пандемијата од COVID-19 починаа 35.017 лица, со што оваа земја стана петта земја во светот  според бројот на смртни случаи по САД, Бразил, Велика Британија и Мексико.

реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Свет

Масивен ракетен напад врз Украина, Зеленски: Светот не смее да му даде шанса на новиот нацизам

Read more

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Read more

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Read more

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Read more
 

Вести

Даштевски: Нема бојкот, сите што излегле на парламентарни, гласале и за претседател

Читај повеќе

Масивен ракетен напад врз Украина, Зеленски: Светот не смее да му даде шанса на новиот нацизам

Читај повеќе

Променливо облачно, попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Читај повеќе

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Читај повеќе

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Читај повеќе

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Читај повеќе

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе