Црна Гора би можела по влезот во ЕУ да го повлече признавањето на Косово

Црна Гора набргу би можела да го повлече признавањето на независноста на Косово, вели Жаклин Настиќ, пратеничката на левицата во германскиот Бундестаг, додавајќи дека не ја исклучува можноста тоа да се случи дури кога земјата ќе стане членка на ЕУ, пренесува RT Balkan.

Во опширно интервју за подгоричката Adrija TV, Настиќ вели дека повлекувањето на признавањето на Косово ќе ѝ создаде на Црна Гора пречки на патот кон ЕУ.

„Морам да признам дека не верувам оти Црна Гора ќе го повлече признавањето на Косово во блиска иднина. Како членка на НАТО и кандидат за влез во ЕУ, со големи шанси да стане членка на Унијата, повлекувањето на признавањето би ѝ создало пречки на патот. Ова неодамна го потврди новоизбраниот претседател Јаков Милатовиќ. Можно е повлекување на признавањето, но дури по влезот во ЕУ. Сепак, и многу членки на ЕУ сè уште не го признаваат Косово, вклучувајќи ги Шпанија, Грција, Романија, Кипар и Словачка“, вели таа.

На прашањето дали во иднина и Германија би можела да го промени ставот по прашањето за независноста на Косово и да го повлече признавањето, Настиќ не верува дека такво нешто би се случило во блиска иднина.

„Не мислам дека германската влада набргу ќе го промени ставот за Косово. Сегашната влада на Бербокова ја следи традицијата на претходните влади на Герхард Шредер и Јошка Фишер, кој го поддржа нелегалното бомбардирање на Југославија од НАТО“, вели Настиќ.

Таа посочува дека до денес германските политичари од зелените, без никакви докази, тврдат дека Србија извршила геноцид на Косово.

„За нив е многу срамно што јас, како што ми рекоа, сум првиот германски политичар што учествувал на комеморацијата на годишнината од бомбардирањето на НАТО во Сомбор минатата година. Ова покажува колку е малку веројатно актуелната влада да го смени ставот“, вели Настиќ која е родена во Полска како Жаклин Гринхолц.

реклама

Регион

Силен земјотрес ја погоди Грција

Read more

Србија се соочува со сериозен недостиг на работници во автосервисите

Read more

Грција воведува шестдневна работна недела

Read more

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна експлозија во воена база во Камбоџа, загинаа 20 војници

Читај повеќе
  • filter

Апасиев од Штип: Единствен бранител против Бугарите во Устав ќе биде Левица

Читај повеќе

Милано на чекор да воведе забрана за продажба на храна и пијалаци после полноќ оти туристите ги вознемирувале жителите

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Грција

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Изборите на 8 мај ќе бидат тешки, но СДСМ е подготвена за секаков резултат

Читај повеќе

Сончево и топло, температурата до 28 степени

Читај повеќе

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Читај повеќе

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Читај повеќе

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Читај повеќе