ЦУК: Поради голем дефект на водоводна цевка има локално поплавување на објекти и без вода ќе остане поголем реон во скопски Центар

Фото: Филип Здравески (Кајгана)

Центарот за управување со кризи (ЦУК) известува, согласно информација од ЈП „Водовод“, дека поради поголем дефект на водоводна цевка (од Ф-600 мм) на ул. „Кеј Димитар Влахов“ 15 до Младински културен центар (МКЦ) во населба Центар во Скопје, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Крњево, Керамидница, кај Т.Ц. „Ист Гејт“, покрај бул. „Александар Македонски“ до бензинска пумпа „Лук Оил“, Пожарна, а со намален притисок ќе бидат населбите Маџари и Хиподром.

Водоснабдувањето е прекинато од 8:50 часот утринава и ќе биде прекинато сѐ до санирање на дефектот.

Инаку, по утринското примање на повикот за итниот случај на 112 во ЦУК за пукањето на водоводната цевка на улица „Кеј Димитар Влахов“ и дека има поплава од пукната водоводна цевка веднаш беа остварени телефонски контакти со ЈП „Водовод и канализација“, Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје и Полициската станица Центар – Беко.

Излеаната вода од големата водоводна цевка предизвикала локална поплава, при што имало поплавено голем број објекти во близина на настанот, а како последици од тоа и лица кое не можеле да излезат од своите домови. Од ЈП „Водовод и канализација“ информираа дека поради големиот дефект без вода ќе остане поголем реон во централно градско подрачје во Скопје сѐ до санирање на состојбата.

Тагови
реклама

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Кој потешко ја поднесува самотијата, мажите или жените?

Read more

Утре истекува рокот за аплицирање за снабдување со струја по повластена цена

Read more

180.000 загинати и ранети Руси и 100.000 Украинци, проценува норвешки командант

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе