Д-р Алулоски и ГАК се дел од од значајна меѓународна студија за гинеколошка онкологија

Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство и доктор Игор Алулоски како главен истражувач, се дел од меѓународната студија SUCCOR Study, објавена во интернационалниот журнал за гинеколошка онкологија, соопшти Министерството за здравство.

„Станува збор за голема интернационална студија, спроведена од професор Луис Чива од Универзитетската клиника Навара во Шпанија, што почна во април 2019 година, со поддршка од Европското здружение за гинеколошка онкологија (ESGO). Во неа учествуваат 125 институции, кои спроведуваат радикални гинеколошко-онколошки оперативни зафати од 29 европски земји, меѓу кои и нашата држава. Самото учество во ваква масивна студија претставува чест за мене лично и за ГАК, тоа што нашата клиника е учесник во ваков голем проект е значаен успех. Важно е дека големи европски имиња од областа на гинеколошката онкологија, разбраа дека кај нас, на Универзитетската клиника за гинекологија има група доктори, кои ја продолжуваат традицијата и борбата на нашите учители, со што македонската гинеколошката онкологија ја подигнуваат на европско ниво“, вели д-р Алулоски. 

Целта на студијата е да се опфатат што поголем број европски центри кои ја третираат гинеколошката онкологија и по направената посеопфатна анализа на третманот, резултатите од третманот, преживувањето и слични податоци за пациентки оперирани од инвазивен карцином на грло на матка (во IB стадиум на болеста) да се добие поцелосен увид за овој проблем ширум Европа.  

„Со посебно задоволство и чест ја прифатив поканата од професорот Чива, потоа следеше период на документирање, собирање, комплетирање на документацијата за пациентките оперирани на ГАК во периодот 2013-2014 година. Студијата беше презентирана и пред стручниот колегиум на Клиниката за гинекологија и акушерство за да се добие ‘зелено светло’ за учество во студијата. За ова сакам да им се заблагодарам на сите колеги на ГАК, кои ме поддржаа за учеството во студијата, а посебна благодарност до директорката, доц. д-р Викторија Јовановска за безрезервната поддршка. Голем придонес имаше и проф. д-р Куновска од Институтот за патологија. Конечно студијата се објави во интернационалниот журнал за гинеколошка онкологија, што претставува голем успех за ГАК“, посочува д-р Игор Алулоски.

Тагови
реклама

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

Финансиски хороскоп до 19 мај: Кои датуми ќе бидат критични?

Read more

Ужина за здрави црева, по препорака на гастроентеролог

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more

Македонија

На Токсикологија разрешен Петровски, но не и Илјази, од која се жалеа вработените

Read more

Јакимовски обвини дека им се украдени повеќе од 600 гласа

Read more

Лога: Ако играат чесно, ВМРО-ДПМНЕ нека го вратат уставното име

Read more

Македонците лани потрошиле најмногу пари онлајн во Холандија

Read more
 

Вести

Русија става во функција нов елемент на нуклеарниот арсенал

Читај повеќе

ЕУ ги заострува правилата за мигрантите

Читај повеќе

Франција: Напаѓачи убија двајца полицајци и побегнаа со затвореник

Читај повеќе

САД ѝ наметнаа тешки царини на Кина

Читај повеќе

МВР со детали за двојното убиство во Стајковци

Читај повеќе

На Токсикологија разрешен Петровски, но не и Илјази, од која се жалеа вработените

Читај повеќе

Јакимовски обвини дека им се украдени повеќе од 600 гласа

Читај повеќе

Лога: Ако играат чесно, ВМРО-ДПМНЕ нека го вратат уставното име

Читај повеќе

Kонтроверзниот закон за странски агенти помина во грузискиот парламент

Читај повеќе