Vantage Roadster пристигнува неколку години по купе верзијата.
Автомобилот има платнен покрив на склопување што се спушта за само 6,7 секунди, кога возилото е во мирување, или за 6,8 секунди во возење, при што брзината не смее да надмине 50 км/ч.
Благодарение на лесните компоненти што го сочинуваат подвижниот механизам на покривот, Vantage Roadster тежи само 60 кг повеќе од моделот со цврст покрив. Истиот 4.0 V8 твин-турбо мотор што го придвижува Vantage Coupe се користеше за погонот.
Станува збор за машина на AMG со 510 КС, додека максималниот вртежен момент е 685 Nm.
Моторот е спарен со 8-степен ZF автоматик, а Vantage Roadster забрзува од 0-96 км/ч (0-60 милји на час) за само 3,7 секунди, што е само 0,2 секунди побавно во споредба со варијантата Coupe.
Максималната брзина е 306 км/ч.