Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо, и неговиот менаџер Жорже Мендеш далеку од очите на јавноста се сретнале минатата недела со претставници на Баерн за да договорат трансфер на португалскиот фудбалер во редовите на бундеслигашот, јавија денеска британските медиуми.
Весникот Daily Mail објави дека Роналдо сака да замине од Јунјатед во јануарскиот преоден рок, а и клупското раководство сака што поскоро Португалецот да замине од „Олд Трафорд“.
Според истиот извор, Роналдо сака да ја продолжи кариерата во клуб кој настапува во Лигата на шампиони.
Британските медиуми синоќа објавија дека на Роналдо му се заканува казна од еден милион фунти од клупското раководство поради контроверзното интервју во кое изнесе бројни навреди кон Манчестер Јунајтед, како и непочитување кон тренерот Ерик тен Хаг.