Дали биткоинот ќе надмине 60.000 долари?

Позитивната низа на биткоинот вчера продолжи да се протега седми ден по ред.

Некои аналитичари очекуваат биткоинот за првпат да го сруши плафонот од 60.000 американски долари.

Најпопуларната криптовалута вчера вредеше повеќе од 56.840 долари, а со тоа се приближи многу близу до рекордната вредност од 58.332 долари.

Овојпат, инвеститорите вложуваат во биткоин првенствено за да се заштитат од очекуваната инфлација во иднина, и покрај фактот дека сè уште нема причина за прекумерна загриженост за зголемувањето на цените.

За растот на вредноста на биткоинот секако придонесоа и охрабрувачките информации за големиот интерес за криптовалутата на клиентите на Goldman Sachs.

Во очите на инвеститорите, тоа е дигитално злато, заштитено од сите ексцеси што неизбежно ќе предизвикаат диво печатење пари во режија на централните банки, односно, пред сè, висока инфлација и девалвација на класичните валути. Бидејќи цените на златото паѓаат благо неколку месеци, сè повеќе станува јасно дека биткоинот навистина ја презеде својата улога во многу од портфолијата на големите играчи.

Европската централна банка (ЕЦБ) овој квартал значително ја зголеми проценката на стапката на инфлација за еврозоната оваа година и објави побрзо темпо на набавка на средства следниот квартал за да обезбеди поволни услови за финансирање на економијата.

Оваа година, ЕЦБ сега очекува инфлација од 1,5 процент, во споредба со 1,0 проценти предвидени во извештајот од декември 2020 година.

Потсетувајќи дека инфлацијата во еврозоната беше 0,9 проценти во јануари и февруари, по минус 0,3 проценти во последниот месец од минатата година, претседателката на ЕЦБ Кристин Лагард го припиша забрзаниот раст на цените на почетокот на годината на привремени фактори и повисоки цени на енергенсите.

реклама

Бизнис

Зошто ЕУ сè уште купува руски гас?

Read more

Остар пад на доларот

Read more

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more
 

Вести

Мицкоски: Наша цел е за првпат коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ од опозиција да освои мнозинство во Парламент

Читај повеќе
  • play_arrow

„Алах Акбар“ на улиците на Хамбург, муслиманите повикаа на калифат и шеријат

Читај повеќе

Русите го попречуваат GSP сигналот, Финците паузираат дел од летовите за Естонија

Читај повеќе

Црна Гора воведува седумчасовно работно време до крајот на годината

Читај повеќе

Финансии побара до крајот на денов да се стави во мирување поскапувањето на осигурувањето на автомобилите при регистрација

Читај повеќе

Со лажни формулари откупувале стари акомулатори – кривична против три лица и една фирма

Читај повеќе

Вработените во Фондот за здравство утре излегуваат на протест за повисоки плати

Читај повеќе

Европски фронт: Над 30 згради во Чаир се дивоградби, ќе ги легализираме за да ги спасиме инвеститорите и граѓаните

Читај повеќе

Османи за 55-годишнината на МНР зборуваше само за она што било направено во изминатите четири

Читај повеќе