Дали маските спасуваат животи?

Уште од раните денови на пандемијата се водат дебати за тоа колку се корисни маските во спречување на ширење на COVID-19 и кога и колку тие штитат.

Научниците анализираа и докажаа дека маските секако ја намалуваат можноста за ширење на капките, а со тоа и ширењето на вирусот. Исто така, неколку експерти истакнаа дека маските можат да ја намалат концентрацијата на вирусот во воздухот и со тоа вирусното оптоварување на кое ќе бидат изложени здрави луѓе. Истражувања објавени во научни списанија, како што е престижниот Lancet, покажаа дека постои корелација помеѓу изложеноста на вирусот и сериозноста на болеста.

Сепак, во тоа време, студиите се засноваа на искуства со некои други заразни респираторни заболувања, како што е грипот. Подоцна, беа извршени неколку убедливи потврдни студии во врска со COVID-19, но тие главно беа спроведени во лабораториски услови, често на модели или на животни.

Во раната фаза на пандемијата, постоеше недостаток на истражување што би го потврдило ова кај реалното население во кое единствената разлика во примерокот би била тоа што дел од популацијата на земја со слично население, слична култура и слични навики носи маски, а другиот дел не.

Носењето маски ја намалува смртноста барем двапати

Ваква студија конечно беше спроведена деновиве од американскиот универзитет Вандербилт и објавена во вторникот.

Научниците открија дека окрузите во државата Тенеси, кои не вовеле задолжително носење маски, забележале најмалку двојно повисоки стапки на смртност од оние кои барале покривање на лицето.

Во моментов, во областите каде не е задолжително носењето маски, секоја недела се бележат повеќе од четири смртни случаи на 100.000 луѓе, додека во областите каде од летово носењето маски е обврска, стапката на смртност е околу две лица неделно.

Во областите кои рано прифатија задолжително носење маски дури и пред самиот врв на епидемијата во јули и август, стапката на смртност е поблизу до една личност неделно за секои 100.000 луѓе.

На пример, Нешвил, кој ја воведе обврската од крајот на јуни, од март забележа 53 смртни случаи на 100.000 луѓе. Од друга страна, округот Клеј, каде нема обврска да се носи маска, забележа 223 смртни случаи на 100.000 луѓе од почетокот на пандемијата, што е најлоша стапка на смртност во таа сојузна држава.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Здравје

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

4 несакани последици кои може да се јават ако јадете премногу леб

Read more

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more
 

Магазин

Трик со две состојки спречува црната облека брзо да избледи

Читај повеќе

Најлоши места во домот за собни растенија

Читај повеќе

Со еден трик брашното останува свежо и до една година

Читај повеќе

Американски психолог откри кои фрази родителите треба да им ги кажуваат на децата во моменти на лутина

Читај повеќе
  • play_arrow

15 најмистериозни подводни аномалии

Читај повеќе

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажна пица од тост леб готова за 10 минути

Читај повеќе

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Читај повеќе

Дали е време вашето дете да почне да носи очила?

Читај повеќе