Дали пребарувањето на Google навистина се влошува?

Таканаречените „SEO spam“ страници се приспособени така што тие се лесно препознатливи по алгоритмот на Google, а на нив корисниците можат да ги најдат одговорите што ги бараат.

Сè поголем број „обични интернет корисници“, како и аналитичари и други (интернет) експерти, во последните неколку години забележуваат и предупредуваат дека квалитетот на резултатите од пребарувањето на Google е во сериозен пад.

И покрај тоа што Google, се разбира, не се согласува со оваа изјава, благодарение на истражувањето спроведено од германските научници, сега знаете дека не сте единствените кои забележуваат дека резултатите од пребарувањето се полоши од порано.

Експерти од Универзитетот во Лајпциг и Универзитетот Баухаус од Вајмар, со помош на колегите од Центарот за анализа на податоци и вештачка интелигенција од Дрезден, детално анализираа илјадници резултати од интернет пребарувањето за прегледи на производи.

Резултатите од нивното истражување покажаа дека на интернет денес има се повеќе содржини со слаб квалитет и страници полни со спам оптимизирани за пребарувачите. Тоа е причината зошто линковите до таквите страници често се прикажуваат наместо корисни како резултати од пребарување со помош на Google.

Експертите ги нарекуваат таквите веб-локации „SEO spam“, бидејќи се приспособени така што ќе бидат лесно препознатливи по алгоритмот за пребарување на Google, а не за корисниците да можат да ги најдат одговорите што ги бараат со своите прашања, пишува Gizmodo.

Таквата ситуација би можела да стане уште полоша во иднина, бидејќи вештачката интелигенција (ВИ) би можела да игра главна улога во креирањето на веб-страниците и нивното прилагодување за пребарување на интернет.

Научниците пребаруваа на интернет барајќи прегледи на производи, врз основа на кои заклучија дека на врвот на страницата со резултатите од пребарувањето, често може да се најдат текстови направени исклучиво со цел т.н. „affiliate marketing“ од кој авторите заработуваат пари.

Пребарувачите, како во овој случај првенствено Google, но и Bing и DuckDuckGo, станаа жртви на големи спам кампањи. И во нив, голема количина на содржина се објавува како спам спакувана, на пример, во неквалитетен преглед.

Научниците велат дека и покрај тврдењата на Google дека постојано се бори против спам, ова е „игра на мачка и глушец во која победуваат спамерите“. Посочуваат дека е очигледен тренд на намалување на квалитетот на текстовите кои се прикажуваат на врвот на резултатите од пребарувањето.

Google не се согласува со резултатите од истражувањето. Тие веруваат дека тој бил фокусиран само на прегледи на производите и дека не го одразува целокупниот квалитет.

Тагови
реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Интернет

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Read more

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Read more

YouTube тестира нов формат на реклами

Read more

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Read more
 

Гик

Климатските промени ја забавуваат ротацијата на Земјата што доведува до совршен ден

Читај повеќе

Кои карактеристики на вештачката интелигенција ги носи Apple во iOS 18?

Читај повеќе

Google значително ќе го забрза преносот на податоци помеѓу мобилните телефони

Читај повеќе
  • play_arrow

Британците за својот Challenger 3 тврдат дека е најсмртоносниот тенк на сите времиња

Читај повеќе

Kои се најпродаваните телефони во првите три месеци од 2024 година?

Читај повеќе

Одложено лансирањето на Starliner на Boeing

Читај повеќе

Веќе кружат гласини: Apple ќе го претстави iPhone 17 Slim во 2025 година

Читај повеќе

Во Чиле отворена опсерваторија на височина од 5.640 метри

Читај повеќе
  • play_arrow

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Читај повеќе