Дали трудниците треба да се вакцинираат?

Бремените жени се сметаат за високоризични КОВИД пациенти. И покрај тоа, во Германија постои колебање за нивната вакцинација, пишува Deutsche Welle и го поставува прашањето - зошто?

35-годишната Ања В. е во 25-тата недела од бременоста и би сакала да се вакцинира против коронавирусот доколку има јасни официјални препораки. Таа е доктор и добро е запознаена со проблемот.

„Ако Здружението на гинеколози и Постојаниот комитет за вакцинација (Stiko) дадат јасна изјава и да кажат дека ризикот за бремени жени од вакцинација е помал отколку од коронавирусот, јас веднаш би се вакцинирала. Засега, следам како се развива ситуацијата. Во САД трудниците веќе се вакцинираат.“

И навистина: во САД, но и во Велика Британија, Белгија и Израел, има препорака за вакцинација за бремени жени, на некои места се дури и приоритетни. Во Германија, Stiko сè уште чека со препораката за бремени жени и доилки.

Специјалистите вршат притисок

И затоа гинеколошките здруженија во Германија сега вршат притисок. Тие укажуваат дека ризикот од тешка форма на болеста е поголем кај бремени жени и се повикуваат на податоците за безбедноста на mRNA вакцините кај бремени жени.

Штефан Клуге, директор на Универзитетската клиника во Хамбург-Епендорф, сведочи за пет тешки случаи на инфекција со коронавирус кај бремени жени само во последните две недели.

„Овие случаи се особено драматични. Треба веднаш да започнеме со вакцинирање на бремени жени“, изјави Клуге за агенцијата dpa.

Но, Stiko, кој функционира во рамките на Државниот епидемиолошки институт Роберт Кох, во средината на април се изјасни против генералниот повик за вакцинирање на бремени жени. Вакцинацијата се препорачува само за бремени жени со други болести и „на сопствен ризик“.

Како што се наведува, нема доволно веродостојни податоци за општа препорака за вакцинација на бремени жени затоа што бремените жени се исклучени од клиничките испитувања. Иако Stiko генерално не обесхрабрува вакцинирање за бремени жени, тој исто така не може генерално да го препорача.

Не сме ниту за, ниту против - за идните мајки, тоа не е многу корисно.

Компликациите кај заболените се докажани

Но, бремените жени спаѓаат во групата „со висок ризик“ по минатиот септември, кога во British Medical Journal беше објавен преглед на студии со повеќе од 68.000 жени. Откриено е дека, несомнено, инфекцијата кај бремените жени петпати почесто поминува без симптоми, но дека исто така тие двојно почесто зависат од интензивна медицинска нега и се на респиратори по заразување. И стапката на смртност е висока со два случаи на 10.000 случаи. Претходни заболувања како што се дијабетес или прекумерна тежина, исто така, играат улога. Може да се каже дека бремените жени се ранливи на инфекција со коронавирус како и луѓето на возраст меѓу 70 и 84 години.

Бременост со грижи

Ако бремените жени се ризични пациенти, тогаш треба да бидат заштитени, вели Ања В.

„Како лекар и мајка, изложена сум на посебни ризици. Оваа бременост ја доживувам со многу повеќе грижи од првата. Работам во болница и се обидувам колку што можам да се заштитам ос коронавирус“, вели таа за DW.

Додава дека е принудена да ја испраќа тригодишната ќерка двапати неделно во градинка каде што ризикот од инфекција е голем. Кога би работела од дома, вели таа, би можела сама да се грижи за ќерката и да не биде изложена на дополнителна опасност.

Таа сака гинеколошките здруженија да одлучат да препорачаат вакцинирање на бремени жени и укажува на еден регистар на вакцинирани бремени жени во САД што досега нема забележано никакви компликации кај бремени жени по вакцинирањето.

Предност на mRNA вакцините

Не сите вакцини се погодни за бремени жени, туку само т.н. mRNA вакцини како што се вакцините на Biontech/Pfizer и Moderna. Поради помалиот ризик од тромбоза, Ања В. исто така ги претпочита овие вакцини. Таа се надева дека наскоро, најдоцна до летово, ќе биде издадена препорака за вакцинација на бремени жени.

„Но, дотогаш, веќе ќе го родам бебето“, заклучува таа.

реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Здравје

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Read more

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Read more

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Read more

Храна што треба да ја одбегнувате по 40-тата година

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Читај повеќе

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе