Дански пратеник призна дека е во врска со 15-годишно девојче

Макфакс
/ 30.11.2023 / 18:51

28-годишниот Мајк Вила Фонсека, пратеник во данскиот парламент, во интервју за TV 2 призна дека е во врска со 15-годишно девојче. Со тоа го прекршил кодексот на однесување на Партијата на умерените, кој не дозволува членовите да имаат сексуални односи со лица помлади од 18 години, пишува дневниот весник Berlingske.

Претседателот на партијата, Ларс Локе Расмусен, набргу објави дека Фонсека треба да биде исклучен по што самиот тој реши да ја напушти партијата и да замине на боледување. Инаку, Фонсека изјавил дека родителите на 15-годишното девојче биле свесни за врската и дека дале согласност.

Последователно, родителите во интервју за весникот Ekstra Bladet потврдија дека навистина дале согласност и дека ја поддржуваат врската. „Работите се случија малку рано, но нема ништо лошо во тоа. На крајот на краиштата, луѓето реагираат на разликата во годините. Но, ние имаме доверба во нашата ќерка и во Мајк“, рекол таткото, кој сакал да остане анонимен.

Според нив, Фонсека во последните пет години доаѓал во нивниот дом како семеен пријател. Претставникот најпрвин склучил пријателство со таткото на 15-годишното момче бидејќи имале заеднички интерес за мотори. Родителите изјавиле дека врската меѓу политичарот и нивната ќерка почнала пред пет месеци.

Откако Фонсека ја напушти Партијата на умерените, во интервју за TV 2 спомена три партии во кои може да се види себеси во иднина. Сепак, веќе следниот ден сите три партии – социјалдемократите, Либералната партија и Либералната алијанса – го отфрлија.

Иако Фонсека замина на боледување и беше назначена негова замена, прашање е кога ќе се врати и како ќе се позиционира според предлозите на владата.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Свет

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Read more

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Read more

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе